„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кои се функционерите кои се на чекор да се најдат на црната листа на САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
makedonija-sad

Поранешен заменик министер, ексдиректор на институција, како и пратеник кој има и приватна компанија, неофицијално, се на чекор да се најдат на т.н. црна листа на САД, дознава „Скопје1.мк“. Заедничко за сите нив е тоа што сите се или биле функционери од ДУИ. Засега ова се непотврдени и неофицијални информации, а кои ги дознаваме по заминувањето на тимот за санкции кој престојуваше во Македонија. Овој тим престојуваше во Македонија една недела.

— реклама —

Од досиејата на трите лица за кои постојат информации дека ќе бидат на т.н. црна листа може да се извадат интересни детали. Заменикот министер има кариера во АРМ. Раководеше како во време на ВМРО-ДПМНЕ така и во време на СДСМ. Потоа, го именуваа да биде директор.

Вториот функционер кој е на т.н. црна листа на САД е ексдиректор. Институцијата во која директоруваше беше во постојан хаос. За него се зборуваше дека има и истрага, за која се користат политички притисоци да биде запрена од Обвинителството. Никогаш не се откри зошто треба да го гонат.

— реклама —

Третиот има и најголемо досие. Станува збор за пратеник чија фирма често е добитник на големи тендери. Од политичките опоненти на ДУИ беше низа пати обвинуван за местење тендери. А фирмата зад која стои тој, најмалиот тендер кој го добила е 16 илјади евра, додека најголемиот наплатен износ е 276.423 илјади евра.

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер на Твитер на 6 декември најави дека Вашингтон испраќа тим во Македонија за поагресивен поглед на корумпирани учесници и сегашни и минати. И од ЕУ укажуваа дека за Македонија е многу важна борбата против корупцијата.

На т.н. црна листа на САД, засега се ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков и експремиерот Никола Груевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања