Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кои се и што се: Историската комисија одлучи и за Св. Наум, Цар Самоил, Св. Климент Охридски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Sv-Kliment-Ohridski-scaled-900x676

Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Мисионерското дело на Светите браќа Кирил и Методиј ги поставува основите на христијанската култура и духовност на словенските народи. Прифаќањето и ширењето на писменоста и преводите на богослужбените книги им овозможува на словенските народи да се запознаат со христијанското учење на разбирлив јазик. Делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа. Тоа дава суштествена основа на современите држави Република Северна Македонија и Република Бугарија заеднички да го одбележуваат денот на Св. Кирил и Методиј.

— реклама —

Бурните културни процеси, кои започнуваат во текот на 19. век, наоѓаат израз и во засилениот интерес кон животот и делото на Св. Кирил и Методиј. Во средината на 19. век сеќавањето за Св. Кирил и Методиј станува дел од светската културна традиција, а денот на нивниот црковен празник започнува да се одбележува во училиштата. За првпат тоа се случува во Пловдив во 1851 година. Процесот на духовно будење и еманципација наоѓа израз во сеприсутното одбележување на празникот во многу училишта на територијата на современа Република Северна Македонија и Република Бугарија. Следствено, делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици започнува да се одбележува и во други словенски земји, а нивниот придонес за европската цивилизација е признат и од Католичката црква, која ги прогласи за заштитници на Европа.

До сега кажаното дава основа и ги задолжува двете држави со одговорност за зачувување на сеќавањето за делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици преку годишни заеднички чествувања.

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

— реклама —

Делото на светите браќа Кирил и Методиј е продолжено од нивните ученици, меѓу кои се истакнува личноста на Св. Климент (околу 830-916). По Великоморавската мисија Св. Климент е прифатен во средновековната бугарска држава. Околу 886 г. е испратен од кнез Борис-Михаил во областа Кутмичевица, каде што како просветител и творец ги положува основите на Охридската книжевна школа. Околу 893 г. по наредба на бугарскиот цар

Симеон е ракоположен за Велички епископ. Неговата проповед и богослужба се од големо значење за распространувањето и утврдувањето на христијанската писменост и култура. Преку преводите на богослужбена литература и химнографските творби што ги создал, како и благодарение на неговата учителска дејност, се подготвени многубројни ученици. Тоа го прави една од најважните личности за културата на денешните Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Сето тоа им дава основа на двете држави да го негуваат споменот за делото на Св. Климент преку заедничко одбележување при соодветни поводи.

— реклама —

СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ

Делото на светите браќа Кирил и Методиј е продолжено од нивните ученици. Меѓу нив, Св. Наум (околу 830-910) учествувал во Великоморавската мисија, од каде што по смртта на Св. Методиј и прогонувањето на неговите ученици, тој пристигнал во средновековна Бугарија. Тој е еден од основоположниците на Плисковско-Преславската книжевна школа. Околу 893 г. е испратен од цар Симеон во Охрид, каде што ја продолжува просветителската дејност на Св. Климент во Охридската книжевна школа и гради манастир на брегот на Охридското езеро, којшто денес го носи неговото име. По неговата смрт, култот на Св. Наум се утврдува на териториите на денешните држави Република Северна Македонија, Република Бугарија и соседните земји. Подоцна неговиот култ се распространува и кај дел од муслиманското население.

Просветителското дело и придонесот на Св. Наум за развојот на писменоста и културата на Република Северна Македонија и на Република Бугарија, им даваат основа на двете земји да го негуваат споменот за неговото дело, преку заедничко одбележување при соодветни годишнини и јубилеи.

— реклама —

ЦАР САМОИЛ

Цар Самоил е владетел на голема средновековна држава, којашто поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско царство со центар во територијата на денешна Република Северна Македонија. Тоа опфаќа значителен дел од земјите и населението на Балканскиот Полуостров. Цар Самоил и неговата драматична судбина се симбол на заедничката историја, којашто се споделува од двете современи држави Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Заедничката комисија им предлага на двете влади, во духот на потпишаниот двостран Договор, одбележувањето на цар Самоил да биде знак на споделени вредности и вистинско добрососедство и пријателство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Лажен лекар од Бугарија мамел пензионери во Хрватска: Им кажувал дека децата им се повредени, па им земал 66.250 евра

Свет | пред 4 дена

— реклама —
jabolka

Бугарија враќа 19 тони јаболка од Македонија поради зголемено количество пестициди

Балкан | пред 1 седмица

ilijana-jotova

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија: „Господине Радев, без вас немаше да успееме“

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryb9dli1v36cpnecj0Eyi

Бугарите денеска избираат претседател: Во трката Илијана Јотова и поранешниот премиер Андреј Ѓуров

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања