Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија: „Господине Радев, без вас немаше да успееме“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Балкан
ilijana-jotova

Илијана Јотова, по победата во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, порача дека нејзиниот мандат ќе биде насочен кон соработка и дијалог со сите политички партии. Таа им се заблагодари на гласачите за укажаната доверба, како и на политичките субјекти што ја поддржаа нејзината кандидатура.

— реклама —

На првата прес-конференција по изборите, Јотова упати посебна благодарност до премиерот Румен Радев, кој беше покрај неа, истакнувајќи дека неговата поддршка била значајна за изборниот успех.

„Господине Радев, без вас немаше да успееме“, рече Јотова, заблагодарувајќи им се и на „Прогресивна Бугарија“, Бугарската социјалистичка партија, другите партии и граѓаните што гласале за неа.

— реклама —

Таа оцени дека во текот на кампањата се фокусирала на прашањата за животниот стандард и мирот, додека на противкандидатот Андреј Ѓуров му забележа за, како што рече, агресивната реторика.

— реклама —

Јотова соопшти и дека Ѓуров ѝ се јавил телефонски за да ѝ ја честита победата, при што ѝ посакал да биде достоен претседател. Таа изрази уверување дека ќе успее да воспостави комуникација и соработка со сите политички чинители.

Кандидатот за потпретседател Кирил Валчев најави дека во неговата работа приоритет ќе бидат Бугарите што живеат во странство, младите и европската перспектива на Бугарија.

— реклама —

Според првичните изборни резултати, Јотова освоила убедлива предност пред Ѓуров и е на пат да стане првата жена претседател на Бугарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb9dli1v36cpnecj0Eyi

Бугарите денеска избираат претседател: Во трката Илијана Јотова и поранешниот премиер Андреј Ѓуров

Свет | пред 23 часа

— реклама —
1669028980_2874109_rumen-radev_ls

„Мир или војна, демократија или корупција“: Радев за вториот круг од изборите

Балкан | пред 6 дена

media-libraryigravshfotktf7bjCFs

Речиси целосно обработени гласовите во Бугарија, разликата меѓу Јотова и Ѓуров е 42.826 гласа

Балкан | пред 6 дена

media-library7fbp9pfef7997NKXaMY

(Видео) Млад скопјанец уапсен со речиси 100.000 евра во фалсификувани банкноти – доби притвор во Бугарија

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања