Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Бугарија откри петгодишен хакерски напад: Украдени 130 гигабајти документи од државни институции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 14 минути -

Балкан
Haker-2-620x350

Повеќе од 62 милиони страници документи од различни државни бази на податоци биле преземени во текот на петгодишен хакерски напад врз институциите во Бугарија, соопшти Министерството за иновации и дигитална трансформација.

— реклама —

Министерот Иван Василев изјавил дека од 2021 година биле преземени повеќе од 130 гигабајти податоци. Засега, според него, нема докази дека биле компромитирани личните податоци на бугарските граѓани, објави телевизијата Нова.

— реклама —

Зад операцијата, според проценките, стојат неколку меѓународни хакерски групи, но засега нема конкретни докази дека напаѓачите биле поврзани со одредена странска влада или разузнавачка служба.

Украдените документи опфаќале речиси сите области од работата на државата, вклучително и активности на Владата, извештаи и службена преписка меѓу министерствата и државните институции.

— реклама —

Нападот бил откриен во август, откако новиот национален систем за следење на сајбер-безбедноста регистрирал сомнителна активност. Потоа била покрената истрага во која учествувале разузнавачките служби, Министерството за одбрана, полицијата, експерти за сајбер-безбедност и меѓународни партнери, меѓу кои и Агенцијата на Европската Унија за сајбер-безбедност.

— реклама —

Василев соопштил дека засегнатите системи биле изолирани, пристапот на хакерите бил прекинат, а злонамерниот софтвер бил отстранет. Обвинителството е известено за да ги испита нападите, но и евентуалните пропусти на државните институции поради кои упадот останал неоткриен толку долго.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

britanski-brod-crno-more

Товарен брод со речиси три тони пченица потона во Црното Море кај Бугарија, спасени сите 12 членови на екипажот

Балкан | пред 2 дена

— реклама —
media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Лажен лекар од Бугарија мамел пензионери во Хрватска: Им кажувал дека децата им се повредени, па им земал 66.250 евра

Свет | пред 1 седмица

jabolka

Бугарија враќа 19 тони јаболка од Македонија поради зголемено количество пестициди

Балкан | пред 2 седмици

ilijana-jotova

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија: „Господине Радев, без вас немаше да успееме“

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања