Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Товарен брод со речиси три тони пченица потона во Црното Море кај Бугарија, спасени сите 12 членови на екипажот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 22 минути -

Балкан
britanski-brod-crno-more
Илустрација

Сите 12 членови на екипажот преживеале откако товарен брод под сомалиско знаме утрово потона во Црното Море, на околу 40 наутички милји од ‘Ртот Калиакра во Бугарија. По повикот за помош била покрената голема спасувачка операција со учество на четири брода, два хеликоптера и воен авион.

— реклама —

Повикот од екипажот на бродот „БЕТУЛ 8“ бил примен во 9:15 часот во Морскиот спасувачки координативен центар во Варна. Морнарите пријавиле дека пловилото тоне, по што веднаш биле испратени спасувачки екипи.

— реклама —

Во операцијата учествувале четири брода од Противминската поморска група во Црното Море – два бугарски, еден романски и еден турски. Акцијата ја координирала Главната дирекција за вонредни и спасувачки активности при бугарската Извршна агенција за поморска администрација.

Од воздух, подрачјето го надгледувале два хеликоптера „Кугар“ и авион Су-25 на бугарските воздухопловни сили.

— реклама —

Според бугарското Министерство за транспорт, бродот пловел од романскиот град Тулча кон Египет и превезувал речиси три тони пченица. Сите 12 членови на екипажот биле спасени.

— реклама —

Инцидентот се случува во период на зголемен број напади со беспилотни летала врз бродови во близина на бугарскиот и романскиот брег, кои експертите ги поврзуваат со војната во Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Лажен лекар од Бугарија мамел пензионери во Хрватска: Им кажувал дека децата им се повредени, па им земал 66.250 евра

Свет | пред 6 дена

— реклама —
jabolka

Бугарија враќа 19 тони јаболка од Македонија поради зголемено количество пестициди

Балкан | пред 1 седмица

ilijana-jotova

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија: „Господине Радев, без вас немаше да успееме“

Балкан | пред 2 седмици

media-libraryb9dli1v36cpnecj0Eyi

Бугарите денеска избираат претседател: Во трката Илијана Јотова и поранешниот премиер Андреј Ѓуров

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања