Левица секојдневно објавува детали за нивните кандидати за градоначалници, носители на советничките листи и советници. Партијата ги посочува деталите за кандидатите, како што се: кои се тие, нивното образование, за што се борат, зошто треба да се гласа за нив. Ви ги пренсуваме дел од нив, кои се кандидати во Град Скопје и скопските општини:
Кој е ТЕФИК МАХМУТ, кандидат на Левица за градоначалник на Oпштина Шуто Оризари и за што се бори?
Дипломиран правник, магистер во областа на миграции од Универзитетот на Оксфорд. Тефик Махмут поседува национално и меѓународно работно искуство од организации за човекови права како што се ОБСЕ, ОДИХР, УНИЦЕФ, ЕРРЦ.
Тефик Махмут е долгогодишен активист кој организирал масовни протести против полициската бруталност на Алфите во Шуто Оризари, етничката профилираност на Ромите при граничните премини во Македонија, несоодветните услови за живеење и нееднаквиот третман при вработување и образование во Македонија.
Се бори за унапредување, модернизирање и подобрување на условите за домување, вработување и образование на луѓето во единствената ромска општина во Македонија, Шуто Оризари.
За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар)
#ЛевицаЗаШутоОризари
Кој е КИРИЛ СЛЕЗЕНКОВСКИ, носител на советничката листа на Левица во Илинден и за што се бори?
Кирил Слезенковски е дипломиран машински инженер кој смета дека е дојдено времето кога секоја индивидуа треба да се вклучи во борбата за подобар живот. Сака да остане да живее овде, дома, покрај неговото семејство, пријатели и другари и сите заедно да создадат достоинствен дом за живеење. Струката го исполнува како личност и смета дека во нашето општество се потребни повеќе инженери кои ќе почнат да создаваат вредност која ќе можеме да ја извезуваме надвор од државата. Како млад човек, покрај кариера во машинството, смета дека е важно и да биде политички активен, со цел да придонесе кон градење на општеството по мерка на обичните луѓе и младите.
Неговата борба е насочена кон креирање политки за младите луѓе, кои ќе овозможат искористување на нивниот потенцијал, општински клубови кои ќе нудат развој на вештините на младите луѓе, изучување на странски јазици, компјутерски вештини, спортски активности, негување на културата преку музика, филм, книжевност, можности за изучување на курсеви за унапредување на конкурентноста на пазарот на трудот, како и чиста животна средина и услови за рекреација.
За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар)
#ЛевицаЗаИлинден
Кој е ДАРКО ДИМОВСКИ, носител на советничката листа на Левица во Бутел и за што се бори?
Дарко Димовски е роден 1984 година во Скопје, а денес живее во населбата Радишани. Тој е дипломиран физиотерапевт со работно искуство во ЈЗУ Универзитетската Клиника за физикална медицина и рехабилитација од 19 години. Магистер е по национална безбедност. Се опишува како вреден работник, добар другар и човек со спортски дух. Доколку биде избран за советник на општина Бутел, ќе биде максимално ангажиран да ја направи општината подобро и почисто место за живеење.
Неговата борба е насочена кон запирање на недомаќинското работење во општината, инвестирање на народните пари во насока на квалитетни услуги, да се отвори советот и општината за идеите на граѓаните, да се уреди општината според потребите на граѓаните – децата, младите, семејствата и повозрасните. Од областа на својата професија, ќе се бори за создавање на подобри услови во здравствените објекти за граѓаните на Бутел.
За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар).
#ЛевицаЗаБутел
Кој е ДАРКО СТОЈАНОВСКИ, носител на советничката листа на Левица во Гази Баба и за што се бори?
Дарко Стојановски, 34 години, е роден во Скопје, Гази Баба, Хиподром. Дипломиран Политиколог на правниот факултет Јустинијан Први во Скопје. Сопруг и родител. Чесен и искрен граѓанин на Гази Баба веќе втора генерација, одлучен да ги подобри условите за живот на своите сограѓани.
Неговата цел е да го подобри и олесни животот на сограѓаните, да покаже дека институциите не функционираат само на Запад, да покаже дека политиката не е само лоша и себична туку и коректор на власта. Смета дека е нужно подобрување на условите за живот на граѓаните на општината, обнова и изградба на капитални објекти, забрана за продажба на државно земјиште, обнова на запуштеното и создавање на ново зеленило и здрава животна средина за нашите граѓани.
Правилно функционирање на институциите во општината, за да можат граѓаните локално да ги задоволат потребите без да мораат да се обратат во централното министерство.
За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар)
#ЛевицаЗаГазиБаба
Кој е ТЕОДОР ТРПЕВСКИ - носител на советничката листа на Левица во Кисела Вода и за што се бори?
Теодор Трпевски е роден 1988 година во Скопје. Неговото образование започнува во ОУ „Климент Охридски” во Драчево, населбата во која живее. Понатамошното образование го продолжува во средното училиште во Карпош „Георги Димитров”, а на студии се стекнува со диплома за јавен администратор. По завршувањето на студиите се вработува во приватен сектор, каде акумилира богато работно искуство како менаџер за продажба. Тој е посветен сопруг и родител, вреден и чесен работник, спортист, кој тежнее да придонесе за подобар живот во општеството.
Неговата борба е насочена кон водење домаќинска политика во општината, ревизија на претходни политики, запирање на шетни одлуки и корупцијата во советите, информирање на граѓаните за работата на советот, алармирање за потенцијални штетни одлуки, барање за вклучување на експертите и граѓаните во одлучувањето, отварање на советот за народот.
За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар).
#ЛевицаЗаКиселаВода
Кој е ДАРКО МАСЛАРКОВСКИ, носител на советничката листа на Левица во Аеродром и за што се бори?
Дарко Масларковски, 38 години, е роден во Скопје и израснат во Ново Лисиче, Аеродром. Тој е дипломиран режисер, музичар и организатор на многу културни и музички настани. Низ своето творештво во музиката остава траен белег на независната андерграунд сцена со повеќе од 200 песни, 7 албуми и многу концерти. Активист и поборник за правда и правдина, патриот и вљубеник во Македонија и Аеродром. Татко на две деца, сопруг на жена која му е поддршка за сѐ во животот.
Неговата борба е насочена кон запирање на коруптивните зделки и клиентелизмот, урбаната мафија која го узурпира просторот на граѓаните, воведување на меродавен вредносен систем каде ќе се почитува секоја единка според својот придонес и квалитет, за создавање на простор и услови за правилен развој на младината и убаво место за живеење за децата и за пензионерите.
За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар)
#ЛевицаЗаАеродром
Кој е РОБЕРТ НАУМОСКИ, носител на советничката листа на Левица во Ѓорче Петров и за што се бори?
Роберт Наумоски e роден 1968 година во Виена, а денес живее во општина Ѓорче Петров. По професија е забен техничар со 25 годишно работно искуство. Тој е посветен сопруг, грижлив родител на две деца, чесен и одговорен граѓанин и жител на Општина Ѓорче Петров. Долгогодишен спортист, член на К.К.К. и поранешен претседател на К.К.К Ластовица. Сопственик на К.К. ТНТ Ѓорче Петров. Благајник и член на менаџерскиот тим - Здружение на Забни Техничари, а воедно и организатор на многубројни семинари, како во земјата, така и во странство.
Неговата борба е насочена кон модерна, зелена, чиста, спортска општина Ѓорче Петров, ослободена од корупција, градежна мафија и со решени децениски проблеми на жителите. Исто така ќе инсистира на обновување и одржување на спортските објекти во општината и достапност на истите за сите млади.
За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар)
#ЛевицаЗаЃорчеПетров
Која е МАРИЈА СРЕБРОВА - носител на советничката листа на Левица во Центар и за што се бори?
Марија Среброва е дипломиран преведувач (професор по француски и англиски јазик), при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и постдипломец на Факултетот за туризам и менаџмент. Говори пет странски јазици, од кои францускиот, англискиот и италијанскиот професионално, додека грчки и португалски основно ниво. Позади себе има остварено бројни стручни и литературни преводи и 15 години работно искуство во приватниот сектор. Вечен протестирач на барикадите против неправдите и вљубеник во нејзината општина Центар.
Нејзината борба е насочена кон: враќање на Центар во рацете на центарци; демократизација на локалната самоуправа преку референдуми, народни иницијативи, собири на граѓани и зголемена партиципација на самите граѓани во носење на одлуки на општинско ниво; стопирање на штетните политики на властите и корумпираните политичари и негативните ефекти од истите врз општината и жителите. Се залага за борба против аерозагадувањето и придонес за едно похумано живеење.
За повеќе одговори може да го посетите нејзиниот профил на Левица (линк во коментар).
#ЛевицаЗаЦентар
Кој е РЕЏЕП ИСМАИЛ - носител на советничката листа на Левица во Град Скопје и за што се бори?
Реџеп Исмаил - Хактан (33 години) е роден, живее и работи во Скопје. Долгогодишен активист за економска и социјална правда. Член на ДСП „Ленка“, основач и член на Президиумот на Левица, дел од уредничкиот тим на порталот Антропол. Дипломиран и магистриран политиколог по применета политика на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, со фокус на трудова политика. Долгогодишен работник во приватен сектор на различни работни позиции, во земјата и во странство. Тековно е вработен во ИТ секторот. Едновремено е преведувач и толкувач од турски на македонски јазик и обратно. Страствен љубител на фудбал, планински врвови и екстремни височини: „Скопјанец со сите мани, од на Градот сите четири страни, по различните негови ќошиња собрани“ 🙂
Неговата борба е насочена кон поставување на јавниот интерес како главен организациски принцип во носењето и спроведувањето на локалната политика. Се залага за град кој нема да биде поделен, туку ќе биде сигурен дом за секој негов жител. Конкретно, во градскиот совет, ќе се бори за еко-политиката да биде врвен приоритет на градските власти.
За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар)
#ЛевицаЗаСкопје
Која е ЈУЛИЈАНА ШТРКОВСКА - КОЛАРИЌ, кандидат за градоначалник на Општина Кисела Вода и за што се бори?
Јулијана е магистер по економски науки и долгогодишен овластен внатрешен ревизор во ЈП „Национална радиодифузија“, со работно искуство и во Македонската радиотелевизија, како и во Центарот за управување со кризи. Во својата професионална кариера има работено и како сметководител и проектант.
Нејзината борба е насочена кон: спречување на штетни политики, транспарентно и отчетно работење на локалната самоуправа, увид во трошењето на народните пари, лесен пристап до информациите од јавен карактер. Фокусот на работењето ќе и биде на политики за заштита на животната средина и одржлив локален раст и развој.
За повеќе одговори може да го посетите нејзиниот профил на Левица (линк во коментар)
#ЛевицаЗаКиселаВода
Кој е АЛЕКСАНДАР ДИМИТРИЈЕВИЌ - кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров и за што се бори?
Александар Димитријевиќ (35 години) е роден и живее во Ѓорче Петров. Тој е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, а тековно поседува своја адвокатска канцеларија која брои шест членови. Посебен интерес му е трудовото право, односно областа развивање и унапредување на работничките права.
Неговата борба е насочена кон: развој на општината во законски контролирана средина за градење и справување со инфраструктурните проблеми со кои се соочува во моментот; нови еколошки решенија за подобар квалитет на почвата, воздухот и животната средина; поголем економски развој и вработување на жителите на Ѓорче.
За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар).
#ЛевицаЗаЃорче
Кој е АНДРЕА ЈАНКОВ - кандидат за градоначалник на Општина Центар и за што се бори?
Магистер инженер-архитект, со магистерска теза од областа на самоодржливоста и неинвазивната архитектура. Посветен работник со 14 години искуство во приватниот сектор, овластен проектант и инженер за изведба со Овластување Б (од 2012 година), тековно вработен во „Елена Лука Инженеринг“. Љубител на природата и основач и претседател на здружението на граѓани „Го Сакам Водно“. Оженет и татко на две деца.
Неговата борба е насочена кон: хумано и самоодржливо урбано живеење; заштита и грижа за животната средина; борба со аерозагадувањето; зголемување на стандардот за зеленило по глава на жител; градење на мерит систем и демократизација на локалната самоуправа преку референдуми, народни иницијативи, собири на граѓани и зголемена граѓанска партиципација во носењето одлуки на општинско ниво.
За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар).
#ЛевицаЗаЦентар
Која е ВЕСНА КИРАЏИЕВА - кандидат за градоначалник на Општина Аеродром и за што се бори?
Весна Кираџиева е атлетска репрезентативка на Македонија повеќе од 20 години, поранешна рекордерка и шесткратна шампионка на Македонија во маратон. Дипломиран криминалист на Факултетот за безбедност. Претседателка и тренерка на АК „Индјуренс“. Менаџер на социјални мрежи (Social media manager), дел од организациониот тим на „Виз Ер Скопски Маратон“, „Авицена Женска трка“, „Халк Еко Скопје Трча“. Поранешен волонтер во Центар за оспособување на деца со посебни потреби „Јанез Левец“ во Љубљана (Словенија).
Нејзината борба е насочена кон: чесна и некорумпирана работа; градење на мерит систем на база на квалитет и стручност, а против окупирање на институциите по основ на партиска, политичка, расна, национална или било каква друга определба; разумен урбанизам и стопирање на узурпирањето на просторот од урбаната мафија; афирмација на руралниот дел/населби во општината; еднакви можности за жените како дел од популацијата и унапредување на условите за живот на лицата (и децата) со посебни потреби.
За повеќе одговори може да го посетите нејзиниот профил на Левица (линк во коментар).
#ЛевицаЗаАеродром
Кој е ДАРКО РИСТОВСКИ - кандидат за градоначалник на Општина Карпош и за што се бори?
Дарко Ристовски (42 години), роден во Скопје, Карпош, м.з. Тафталиџе 2, е дипломиран информатичар на ПМФ Информатика, со над 19 години работно искуство во полето на ИТ индустријата како инструктор за напредни мрежни технологии и оперативни системи, проектен лидер на голем број проекти во Македонија и во странство. Коосновач е и на граѓанската иницијатива ГО САКАМ ВОДНО. Женет и вљубен во прекрасна личност и горд татко на три деца.
Неговата борба е насочена кон ослободување и демократизација на локалната самоуправа, вклучување на граѓаните и локалните активисти во процесот на креирање политики и проекти на општината, системска борба против урбаната мафија преку ревизија на сите спорни ДУП-ови, како и забрана за продажба на државно/општинско земјиште, зазеленување на општината и враќање на сјајот на Карпош кој сите ние го носиме во срце.
За повеќе одговори може да го посетите неговиот профил на Левица (линк во коментар)
#ЛевицаЗаКарпош