Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кои се компаниите донатори за дочекот на Нова година, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
nova-godina-skopje

Со денови градоначалничката Данела Арсовска молчи и не дава одговори на јавно поставени прашања, вели СДСМ

— реклама —

„Кој му платил на Петар Георгиевски Камиказа за озвучувањето на дочекот на Нова година на плоштадот?

По која основа, по кој договор на фирмата на Георгиевски и биле исплатени 14.000 евра?

— реклама —

Кои се компаниите донатори за прославата кои понатаму исплаќале фирми и лица ангажирани за прославата?

Како е можно друго правно лице да организира дочек на Нова година на градскиот плоштад во име на град Скопје и врз која основа?

Ако за ова не е потрошен ниту денар од градскиот Буџет како што велат од Град Скопје, тогаш дали станува збор за донација?

Секоја донација треба да мина преку Советот на Град Скопје а секое спонзорство треба да биде поткрепено со Договор.

Во овој случај го нема ниту едното ниту другото, има само молк од страна на Данела Арсовска.

Арсовска со денови ја избегнува јавноста, се крие зад празни соопштенија и не дава одговор на прашања поставени од јавноста, од медиумите.

Ова е пример за нечесно, неодговорно и срамно однесување на Арсовска кон сопствените сограѓани, кон сопствениот град.

Наместо да се крие од јавноста како нејзините ментори во ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска да излезе пред граѓаните и да одговори на овие прашања“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања