Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Кои се набрканите „Кинези“?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Gosti

Јавноста згрозена од видео клипот кој се појави на социјалните мрежи на кој се гледа како скопјанец јавно ги навредува туристи во Скопје, користејќи погрдни зборови бркајќи ги од земјава и насловувајќи ги „корона“. Настанот го осуди градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Тој ги повика надлежните да поведат истрага за инцидентот бидејќи остава сериозна дамка врз угледот на градот и земјата. Не’ на ксенофобијата и расизмот. Скопје отворен град. Град за сите, напиша меѓу другото Шилегов.

Но, кои се набрканите туристи?

Тие впрочем и не се од Кина туку од Јужна Кореа. Вчера уште пред инцидентот односно во текот на денот градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски објави фотграфии со истите луѓе. Тие се дел од невладина организација и во Македонија одржуваат работилници на тема Мир, толеранција и меѓусебно разбирање.

— реклама —

 

„Денес основните училишта во Свети Николе беа посетени од тим на невладината организација “Heavenly Culture World Peace Restoration of Light (HWPL)“ од Сеул, Јужна Кореа. Одржаа работилници на тема ,,Мир, толеранција и меѓусебно разбирање“ со ученици од 7,8,12 и 13 години и ги наградија учениците со подароци.

— реклама —

Исто така при посетата беа договорени понатамошни активности кои ќе се развиваат со меѓусебна соработка, стои во објавата на градоначалникот, напиша градоначалникот на ФБ, постирајќи фотографии од угледните гости.

— реклама —

https://www.facebook.com/sasovelkovskizasvnikole/photos/pcb.684405782094190/684405395427562/?type=3&theater

фото: ФБ Сашо Велковски - Градоначалник на Општина Свети Николе

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања