Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Кои се најскапите, а кои најевтините авиокомпании во Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library0ghp83jeu27hbHPYX32
фото: unsplash

Цената на авионскиот билет не секогаш ја покажува целосната сума што патникот ќе ја плати за едно патување. Истражување на порталот AirAdvisor, кое опфатило 23 европски авиокомпании, покажува значителни разлики во трошоците меѓу превозниците.

— реклама —

Рангирањето е направено според показателот RASK (Revenue per Available Seat Kilometre), кој го мери приходот што авиокомпанијата го остварува по расположливо седиште и поминат километар. Во пресметката се земаат предвид и дополнителните трошоци, како багажот и изборот на седиште. Колку е повисок RASK, толку во просек е поскап летот.

На врвот на листата на најскапи европски авиокомпании е норвешкиот регионален превозник Widerøe, со RASK од 0,32 евра. Високата цена се поврзува со неговите летови до оддалечени локални аеродроми.

— реклама —

Меѓу големите национални авиокомпании, најскапа е British Airways со RASK од 0,0888 евра. По неа следуваат Air France и Austrian Airlines со по 0,0850 евра, Lufthansa со 0,0845 евра и Aegean Airlines со 0,0839 евра.

— реклама —

На спротивниот крај се наоѓа унгарската нискобуџетна авиокомпанија Wizz Air, која со RASK од 0,0433 евра е најповолна според истражувањето. Следуваат easyJet со 0,0521 евра и Ryanair со 0,0556 евра.

Меѓу традиционалните национални превозници, најприфатлива опција е Finnair, со RASK од 0,0622 евра.

Според анализата, изборот на нискобуџетен превозник наместо поскапа авиокомпанија може да донесе заштеда од околу 50 евра по лет на просечните европски релации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhvm3g4jisu4n9kiI4UJ

Објавена листата на најопседнати градови во светот – на врвот е европска престолнина

Вирално | пред 1 седмица

— реклама —
market-pari

Европа сè позагрижена за животниот стандард, незадоволството расте: Довербата на потрошувачите на петмесечно дно

Свет | пред 1 седмица

media-library99hbr3gnm187a7zZfX2

Над 50.000 жртви од горештините во Европа, летото 2026 најсмртоносно досега

Свет | пред 1 седмица

gradeznistvo-1024x448

Младите во Европа сè потешко до сопствен дом: Цените на становите пораснале за 60,5 отсто

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања