Кои се новите кадри во СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
270114211_376615984233322_7476031553775568037_n

Нов генерален секретар е Миле Зеќевиќ, нов организационен секретар е Вангел Андревски, а секретар за меѓународна политика е Бојан Маричиќ. Ова го обзнани Димитар Ковачевски. Сања Лукаревска останува заменик-претседател на СДСМ.

— реклама —

Во Извршниот одбор на СДСМ се: Ана Данева-Маркова, Мишко Ралев, Нина Фити-Неделковска, Снежана Захариева, Даниела Колева, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Рената Јајовска, Мелиса Ценовска, Петре Шилегов, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Андреј Петров, Ивона Кузмановиќ, Костадин Ацевски, Никола Рилак.

— реклама —

Потпретседател останува Фатмир Битиќи, заедно со Бисера Костадиновска Стојчевска, Перо Костадинов и ексградоначалникот на Карпош Стефан Богоев.

— реклама —

„Новата Влада ќе стави силен фокус на економијата“, посочи Ковачевски.

Тој најави мерки, но и дека СДСМ ќе се менува.

„СДСМ ќе се реорганизира“, додаде Ковачевски.

Според него, СДСМ мора да биде силна и организирана.

„Најавувам дека е формиран Совет за креирање и имплементација на политики. За претседател на советот е Игор Ивановски“, кажа Ковачевски.

Ќе се работи и против внатрепартискиот клиентелизам, кажа тој.

„Со личен пример да покажеме што значи правна држава“, укажа Ковачевски.

Според него, ова се само дел од примерите.

„Опозицијата ќе ја омаловажува нашата работа, тоа е единствен нејзин проект. ВМРО-ДПМНЕ за помалку од два месеци каде има власт го покажа нејзиното лице, ги блокираше сите проекти каде нема финаниски интерес“, кажа тој.

Тој на прес-конференцијата објаснуваше што е патриотизам. Објасни дека покачување на плати и подобар живот за граѓаните е дел од тоа.

„Ќе ја отвориме партијата за сите кои сакаат земјава да ја видат просперитетна, а каде владеењето на партијата ќе е на највисоко ниво. Имаме нов тим, сила и енергија да одговориме на сите предизвици“, кажа Ковачевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања