Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Кои се новите министри „птици преселници“ кои беа во ДУИ, па добија нови функции со ВЛЕН

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryn5vn08fjnmjteFcdRQF

Без образложение од премиерот Христијан Мицкоски, Собранието на Република Македонија на денешната седница го разреши министерот за европски прашања Орхан Муртезани и истовремено ги избра новиот министер за европски прашања и вицепремиер Беким Сали, како и новиот министер за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа. Одлуките беа донесени со поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, без подолга расправа и без детално објаснување за причините за смената.

— реклама —

Премиерот Мицкоски во обраќањето пред пратениците му се заблагодари на Муртезани за досегашниот ангажман и најави дека тој ќе продолжи да работи во извршната власт, но на друга позиција. Како што посочи, Муртезани ќе биде дел од кабинетот на премиерот, каде ќе биде задолжен за следење на реализацијата на реформската агенда. Засега официјално не е потврдено, но веќе е познато дека Муртезани е номиниран за амбасадор на Република Македонија во Брисел.

— реклама —

Новоназначениот министер за европски прашања и вицепремиер Беким Сали, според образложението на Мицкоски, располага со релевантно искуство во извршната и законодавната власт. Премиерот нагласи дека неговото претходно министерско искуство, како и тековниот пратенички ангажман, му овозможуваат добро разбирање на односите меѓу институциите и на механизмите на државното функционирање, што, како што рече, е од особена важност за ресорот задолжен за европските интеграции и реформските процеси.

За министер за животна средина и просторно планирање беше избран Мухамед Хоџа, за кого премиерот истакна дека има долгогодишно искуство во државната управа и во извршната власт, со повеќе ангажмани на раководни позиции. Според Мицкоски, ваквото искуство претставува основа за ефикасно справување со сложените административни и институционални предизвици во овој ресор, како и за подобрување на меѓуинституционалната соработка.

— реклама —

Во политичката биографија на Мухамед Хоџа се вбројува и функцијата портпарол во претходната Влада на СДСМ и ДУИ, додека Беким Сали беше министер за здравство во истата коалициска влада и наследник на Венко Филипче. Двајцата подоцна ја напуштија ДУИ и се приклучија на коалицијата ВЛЕН, од каде што доаѓаат и нивните актуелни номинации.

Со денешните кадровски промени, Владата продолжува со реконструкција на својот состав, при што вниманието во јавноста останува насочено кон мотивите за смената на Муртезани и кон идните чекори во процесот на европските интеграции и реформите во клучните сектори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

dui

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryok8501p04mdn8TlZkJj

ДУИ: МВР да го објави целосниот полициски извештај за случајот со претепаните двајца млади во Сарај

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ: Северна Македонија остана надвор од мапата на ЕУ за пристапување

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg774cbuic3hf0XDl0xy

ДУИ бара оставка од Астрит Исени по наводите за полициско насилство врз две млади лица: МВР го истражува случајот

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања