Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кој е Гани Туша, осомничениот за убиството на Оки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-11-30-at-09.41.36

Гани Туша кој е дел од групата „Барон“/Беланоца, а е осомничен за убиството на еден од водачите на групата „Дуќанџик“, Орхан Бајрами – Оки, е лицето кое останува во притвор по отворената истрага од страна на Обвинителството. До овој момент, тој беше во притвор за предизвикување на општа опасност. Тоа решение се укинува и во сила стапува нов притвор - за убиство на Оки. Доколку не се отвореше истрагата за убиството на Оки, Гани Туша ќе беше слободен човек во февруари.

— реклама —

Скопското обвинителство веќе ги има добиено сите докази кои ги прибра грчката полиција, а тамошните правосудни власти ја предадоа палката за Гани Туша да биде суден во Македонија.

— реклама —

Пресметките кај подземјето траат подолг период. Последно, пред неколку месеци, во близина на Блаце беше убиен Зељкиф Туша, татко на Гани Туша. Бидејќи беше баран со меѓународна потерница тој си го сменил презимето во Марку.

— реклама —

Гани во притвор во Шутка е од август лани, кога беше уапсен. Неговото име се споменуваше и за убиството во „Шиша бар“, под Кале. Тој според македонските органи се сомничи дека учествувал во купопродажбата на автомобилот „Ауди“, со кое убијците дошле до “Шиша бар“, а потоа го запалиле.

Медиумите објавија и дека е повратник од боиштата во странство, информација која никогаш не беше потврдена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања