Кој е Ристо Новачевски уапсениот кум на Никола Груевски?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
D41-ZjHXoAAWYe3

Полицијата го приведе Ристо Новачевски, кум на избеганиот поранешен премиер Никола Груевски. Тој е осомничен, како дел од поголема група, за сторено кривично дело перење пари. Според извори во истрагата групата и Новачевски се осомничени за купување градежни парцели на Водно. Во една од објавените бомби, во проектот Вистината за Македонија, Никола Груевски објаснува како нашол за џабалак плац на Водно, објави vocentar.com.

— реклама —

Порталот додада дека имаат информација дека на Ристо Новачевски, кум на некогашниот премиер Никола Груевски и воедно брат на неговата лична секретарка, Диамед Македонија во периодот 2014 до 2017, му исплаќа вкупни износи од плата од преку 10 милиони денари, исплата на надоместоци околу 17 милиони денари, разни готовински исплати од речиси 9 милиони денари и преку картичка на Диамед Македонија, лицето подига 12 милиони денари, кеш пари од банкомат, рече Дончев.

Ристо Навачовски му беше кум на Никола Груевски во неговиот прв брак, во вториот брак на Груевски негов кум беше тогашниот министер за финансии, Зоран Ставревски.

— реклама —

Новачовски се спомнуваше како можен конзул во Солун но под притисок на јавноста не беше испратен на таа функција.

Важи, заедно со Тони Димитриевски, за човек од најголема доверба на Груевски. Новачовски и Димитриевски беа претседатели на Управниот и Надзорниот одбор на Јавното претпријатие за станбен и деловен простор. Преку тоа претпријатие помина голем дел од екипата на Груевски и Мијалков: Никола Тодоров, Биљана Бришковска други.

Текстот во целост на: vocentar.com.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања