Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

„Кој е следен?“ со јавно обраќање пред седницата за трагедијата во Кочани: повикуваат граѓаните да предложат ставови и барања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
koj-e-sleden

Протесното движење „Кој е следен?“ соопшти дека е официјално покането да учествува на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието, закажана за 9 декември 2025 година. Единствената точка на дневниот ред е претставката на здружението на родителите од Кочани „16-ти Март“, со која се бара политичка одговорност и законски измени што ќе спречат повторување на трагедија како онаа што однесе 63 животи.

— реклама —

Во пресрет на седницата, движењето најави дека на 6 декември (сабота) во 18 часот ќе одржи јавен онлајн состанок, со цел да ја информира јавноста, да го образложи својот предлог-настап и да собере мислења од што е можно повеќе граѓани.

— реклама —

„Во нашето обраќање пред Комисијата сакаме да вклучиме ставови и барања од граѓаните на Македонија, кои со години се занемарени, игнорирани и изманипулирани од институциите што треба да ги штитат,“ стои во нивното соопштение.

— реклама —

Од движењето додаваат дека сите добиени предлози ќе бидат систематизирани и презентирани пред пратениците, бидејќи процесот мора да биде транспарентен, инклузивен и насочен кон утврдување на политичка одговорност и подобрување на институционалните механизми за заштита на граѓанските права.

„Гласот на јавноста мора да се слушне – особено кога станува збор за безбедностa, политичката одговорност и работењето на надлежните органи,“ порачаа од движењето.

Сите заинтересирани за учество на онлајн состанокот можат да се пријават преку формуларот: тука.
👉

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-06-24-at-09.38.35

(Фото) Стотина пораки за 100 дена од трагедијата во Кочани, осамнаа низ Скопје

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-14.09.40

„Не прашувај каде треба да бидеш во сабота, одиме во Кочани, не смееме да ги оставиме сами!“, велат од „Кој е следен?“

Македонија | пред 6 месеци

koj-e-sleden

(Видео) Два месеци од трагедијата во Кочани; „Кој е следен“: Ни порачаа да не ги вознемируваме семејствата, а тие не се грижеа за нивниот спокој

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-05-16-at-10.06.40

„Кој е следен?“ викендов оди за Кочани, објави и повик

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања