Кој ги поседува и управува медиумите во Македонија?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
tv-img

Жените речиси и да не учествуваат во сопственоста, а далеку поретко се и на раководните позиции во медиумите во земјава, покажува прелиминарното истражување на ССНМ, по повод Меѓународниот ден на жената, кое опфати 26 редакции.

— реклама —

Позицијата на сопственикот, управителот и директорот се трите точки во кои се сконцентрирана реалната моќ која де факто решава за вработените и за политиката на медиумот. Во нивна надлежност се одлуките за продавање на медиумот,  затворање, прогласување стечај, зголемување на бројот на вработените  или технолошки вишок, но и назначување на уредниците што практично им дава овластување и во креирањето на уредувачката политика, покажува истражувањето.

Овие три позиции, според податоците добиени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, импресуми на весниците и порталите и од информациите добиени од самите вработени, се речиси исклучиво во рацете на мажите. Жените сопственици, управители или директори се повеќе исклучок што го потврдува правилото, особено кај традиционалните медиуми.

— реклама —

Па така, кај телевизиите во однос на сопственоста жените се присутни на ниво на „статистичка грешка“. Од дванаесет телевизии кои ги анализиравме, осум се во сопственост на правни лица, три се во 100 отсто сопственост на мажи, а само во една жена учествува во сопственоста и тоа со 10 проценти. За нијанса е подобра ситуацијата во учеството на жени во управувачката структура. Од 12 анализирани во три управители се жени.

Истражувањето на ССНМ покажува дека слична е ситуацијата и во печатените медиуми. Од шест анализирани само еден (неделникот „Фокус“) е во сопственост на жена, која истовремено е и управител. Сите други весници кои ги анализиравме се или во сопственост на мажи или на правни лица кои повторно се во сопственост на мажи и управувани од мажи.

Кај Јавниот сервис чиј што основач е Собранието и државната информативна агенција – МИА судејќи по составот на програмскиот совет односно на  надзорниот одбор се внимавало на родовата застапеност, но раководните позиции односно директорувањето кое во пракса значи оперативна моќ, е сепак резервирано за мажи.

Индикативно е дека трендот отстапува кај порталите каде речиси еднакво се застапени и мажите и жените како сопственици и управители. Од петте портали кои ги анализиравме два се во сопственост и управување на жени, два на мажи,  а еден е во заедничка сопственост  и на маж и на жена. Но, останува фактот дека примерокот во ова прелиминарно истражување е премногу мал, во однос на вкупниот број на портали во земјава, за да може да се извлечат сигурни доминантни трендови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања