Промени тема
Контакт

Кој го блокира почакувањето на платите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
k15

„Ставот на г-динот Трајко Славески е негов личен став. исто како што постојат бројни ставови на експерти про и контра растот на минималната плата. ВМРО-ДПМНЕ принципиелно е за раст на платите во Македонија, вклучително и на минималната плата. Но суштинското прашање кое треба да се постави е дали владата со ова ќе постигне нивелирање на сите останати плати во државата? Сите работници имаат право да го остварат тоа, бидејќи инфлацијата која власта не успеа да ја сопре навреме ги засега сите граѓани. Доколку власта навистина искрено сака да постигне пропорционално нивелирање на платите во сите сектори, тогаш тоа може да го направи со платите во образованието согласно градацијата во колективниот договор. Тоа Владата може да го направи, бидејќи тоа е директно нејзина ингеренција“, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ, по ставот на Стефан Богоев и прес конференцијата на Богданка Кузеска.

— реклама —

„Дополнително, бидејќи власта на заевизмот создаде ненормални економски услови за стопанисување во Македонија, Владата има обврска да престане со крадењето и матните тендери и средствата да ги насочи кон поддршка на ослабените и уништените компании со цел растот на платите да го постигне целосниот ефект за сите субјекти во економијата.

— реклама —
— реклама —

За жал власта на заевизмот со месеци, особено пред изборите ги манипулираше работниците, и ја злоупотребуваше темата, па го одложуваше покачувањето на минималната плата, за сега да бара изговори и вина во други. Вината за економската состојба на граѓаните и нивниот стандард е единствено само кај власта, бидејќи таа создаде неподносливи економски услови и за работниците и за стопанството, кои само создаваат поголема сиромаштија и тонење“, додаваат тие.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања