Промени тема
Контакт

Кој ќарувал од нелегалниот бизнис кој однесе 44 животи, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
nesreata-na-avtobusot-vo-bugarija-snimena-od-visoko-750x430-2

Оставки и Спасовски и Бочварски, Беса транс возеле без дозволи, минувале граници и контроли, системот работел за мафијата, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Скоро 140 пати автобусот на Беса транс минувал граница и возел без дозвола. Тој поминувал полициски контроли, царински контроли и инспекциски контроли и сите тие свесно ги пропуштале без целосна документација.

Бочварски и Спасовски не можеле да не знаат дека оваа фирма вози цела година и повеќе без лиценци, и е толерирана од сите државни служби истовремено.

— реклама —

Заштита од овој вид не може да пружи ниту еден индивидуалец во институција.

— реклама —

Кој дал наредба автобусите на Беса транс да поминуваат граница над 100 пати без дозвола? Кој ќарувал од нелегалниот бизнис на Беса транс кој однесе 44 животи?

Спасовски и Бочварски не можеле да не знаат, тие имале должност да знаат. Затоа и двајцата мора да си поднесат оставки.

— реклама —

Само со оставки на Спасовски и Бочварски ќе се ослободат институциите и ќе може да се утврди кој и зошто ја толерирал Беса транс, и дали тој некој е во врвот на власта?“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања