Министерството за здравство денеска ќе го добие новиот состав на Комисијата за заразни болести.
Д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунобиологија, ќе биде новиот претседател на Комисијата за заразни болести, дознава ТВ21.
Според информациите на ТВ21, на местото портпатол ќе застане и д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом.
Министерот Сали неодамна им предложи на докторите Пановски и Даниловски да станат членови на оваа комисија и да учествуваат во носењето на нови мерки и препораки, според епидемиолошката состојба, но сите го одбија.