Сите ние што бевме надвор додека гореа азбестни кровови во Треска бевме изложени на азбестни влакна кои педизвикуваат бројни респираторни проблеми, се канцерогени и предизвикуваат рак на белите дробови. . Азбестот е на листата на опасен отпад., велат од О2 иницијатива.
„Немаше јавно предупредување за тргање од улиците и парковите и затворање на прозорите дома додека азбестниве влакна си патуваа низ воздухот кој го вдишуваме.
Загрозено беше здравјето на секој жител на Скопје, особено на тие од Центар и Карпош.
Кога азбестниве покриви и изолации ќе се отсранат од градов на безбеден начин и нема да чекаме пожари или несоодветни рушења на објекти кои нè изложуваат на канцерогениот опасен отпад, азбест?
Кој ќе ги обештети граѓаните кои се изнадишаа азбестни влакна? Кој ќе е одговорен што немаше предупредување за граѓаните да се тргнат од надворешниот простор и ги затворат прозорите“, се вели во објавата.