(Видео) Маж со џет-ски лудува по Треска
Реката Треска во близина на скопското село Глумово стана место за несекојдневна водена авантура, откако на социјалната мрежа Тикток се појави снимка на која се гледа маж како управува скутер на вода по речниот тек.На видеото се гледа како возачот со голема брзина се движи низ водата, оставајќи бранови зад себе.Ваквата глетка е реткост за реката Треска, каде што овојпат наместо вообичаените рибари, вниманието го привлекол скутерџија во потрага по адреналин.
Македонија | пред 1 седмица