Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Имотот на „Треска“ нема никаква врска со стечајните работници, вели група сопственици на градежни парцели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
treska

„Стечајните работници од поранешната фабрика за производство на мебел „Треска“ кои бараат исплата на придонесите во период од 18 месеци и исплата на заостанати плати за период од две години, немаат никаква врска со имотот на фабриката“, вели Група сопственици на градежни парцели - Треска.

— реклама —

Тие додаваат:

„Ние сопствениците на приватни парцели на имотот кај поранешната фабрика „Треска“ сакаме да ја потсетиме јавноста дека нема никаков имот во стечајната маса на „Треска“, ниту ние сме купиле имот од оваа стечајна маса. Оттука, категорично ги отфрламе тезите дека стечајните работници имаат било каква поврзаност со имотот на фабриката и дека ние како нејзини сопственици имаме обврска да ги исплатиме нивните долгови.

— реклама —

За потсетување, за локацијата се водеше 20 годишен судски спор по кој најголемиот дел од имотот, 92% му припадна на едно лице по пат на денационализација, додека само 8% влегоа во стечајната маса, од која беа обесштетени дел од вработените. Исплата на средства и стаж добија само вработени во „Треска мебел“, додека оние кои работеле во останатите седум друштва на фирмата „Треска“ не добиле никакви средства. Причината за ова лежи во тоа што друштвата биле формирани од „Треска мебел“, но без никаков имот.

Затоа, за сите одговори, нејасностии и исполнување на работничките права ги упатуваме стечајните работници да ги побараат од институциите и стечајниот управник кој ја извршил продажбата на оваа некогашна индустриска сила“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zgradi-treska

„Треска“ без дрвја: од зеленило кон пустина – јавниот интерес повторно поразен?

Скопје | пред 3 месеци

received_831580281495262

(Видео) Први снимки како ќе изгледа „Треска“: Планот им е да никнат куп згради со приземје, пет ката и поктровје

Скопје | пред 2 години

treska

Нова трка меѓу правдата и парите во Центар: Уставен се фати за ДУП-от во кој е „Треска“

Скопје | пред 2 години

treska

Бетонизација на „Треска“: Лани пожар, годинава расчистување, дадени дозволи - следуваат згради

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања