Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Спасувачка акција на Треска: Извлечени три лица што ги однела надојдената вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Скопје
media-library8j2k15mh3luk6km7atr
screenshot youtube

Три лица, меѓу кои две малолетни лица на 15-годишна возраст и едно 18-годишно лице, денеска биле однесени од надојдената вода на реката Треска, откако бил зголемен испустот од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, преку Единствениот број за итни повици 112 била примена пријава за настанот. Едното малолетно лице веднаш било извлечено од водата, додека другите две биле пронајдени низводно по течението на реката.

— реклама —

Сите три лица се спасени, живи се и немаат видливи повреди.

По добивањето на пријавата, ЦУК ја координирал интервенцијата, при што биле ангажирани Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Општина Сарај, ХЕЦ „Матка“, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Итната медицинска помош.

— реклама —

Во акцијата за спасување учествувале пожарникари, полициски службеници, медицински екипи и жители на Општина Сарај, а директорот на ЦУК, Али Мухамет, бил на местото на настанот и ја координирал интервенцијата.

— реклама —

Од Центарот за управување со кризи апелираат граѓаните да бидат особено внимателни при престој покрај реките и езерата, особено во близина на брани и хидроенергетски објекти, каде што нивото и брзината на водата можат нагло да се променат поради контролирани испусти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zgradi-treska

„Треска“ без дрвја: од зеленило кон пустина – јавниот интерес повторно поразен?

Скопје | пред 10 месеци

received_831580281495262

(Видео) Први снимки како ќе изгледа „Треска“: Планот им е да никнат куп згради со приземје, пет ката и поктровје

Скопје | пред 2 години

treska

Нова трка меѓу правдата и парите во Центар: Уставен се фати за ДУП-от во кој е „Треска“

Скопје | пред 2 години

treska

Бетонизација на „Треска“: Лани пожар, годинава расчистување, дадени дозволи - следуваат згради

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања