Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

„Треска“ без дрвја: од зеленило кон пустина – јавниот интерес повторно поразен?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
zgradi-treska

Просторот кај некогашната фабрика „Треска“ наместо да прерасне во квалитетно уреден дел со зеленило, денес изгледа како пустина. Според иницијативата „Шанса за Центар“, во делот каде што беа засадени над 100 дрвја, денес не останало ништо.

— реклама —

„На местото каде што требаше да има парк, сега никнуваат само „наполитанки“ згради. Зеленилото постои единствено на хартија,“ реагираат од иницијативата.

„За „Треска“ се боревме со мораториум, со урбанистичко-архитектонски конкурс чијашто спроведба ја обезбедивме со поддршка од стручната јавност, но наградените решенија беа игнорирани од институциите и градоначалникот. Планот го поднесовме и до Уставен суд, но на крај секогаш победуваше приватниот пред јавниот интерес,“ велат од „Шанса за Центар“.

— реклама —

Советничката Билјана Филиповска Тодорчевска, која е архитект и добитничка на повеќе признанија, со месеци бара начин да се гарантира барем единствената зелена површина предвидена со планот. Денес, пак, на просторот се градат приватни објекти, дел од истите инвеститори кои ги подигаат зградите.

Последниот обид, како што посочуваат, бил во координација со стручните служби на Општината да се постават дополнителни барања кон инвеститорите – на нивна сметка да ги отстранат легализираните бараки на просторот предвиден за јавно зеленило.

„Инвеститорите се согласија, поднесоа елаборати за уривање и потпишаа изјави дека ќе го уредат предвиденото јавно зеленило од близу 5.700 м². Но, дел од советниците ја напуштија седницата и не дозволија да има кворум. Така постапката запре,“ велат од иницијативата.

„Вака не се штити јавниот интерес и не се градат конструктивни политики. Ова само докажува дека во советот повеќе се исполнуваат туѓи барања отколку да се бараат решенија за граѓаните. А градоначалникот, повторно, воопшто не се појави на седницата,“ заклучуваат од „Шанса за Центар“.

фото: Скопје1

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања