Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Во понеделник Кризниот штаб на Општина Центар ќе носи одлуки за чистење на отпадот во „Треска“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
Pozar-Treska-4

Кризниот штаб на Општина Центар, заедно со другите надлежни институции во понеделник ќе одржи состанок за начините на чистење на отпадот и анализа на последиците од пожарот кој пред два дена изби во поранешната фабрика „Треска“.

— реклама —

„Какви материјали гореле и дали истите биле закана по здравјето засега можеме само да претпоставуваме. Откако ќе се изврши анализа од стручните институции ќе имаме прецизен увид, но и ќе донесеме одлука за следните чекори како најбрзо и најбезбедно да го отстраниме целиот отпад и расчистиме просторот. Општината ќе се координира со останатите надлежни институции и ќе преземеме соодветни мерки“, вели градоначалникот Герасимовски.

Општина Центар ќе побара од овластени лаборатории за животна средина да извршат мерења и достават извештаи од мерењата, како би се одредиле следните чекори. По овој состанок и насоките од институциите надлежни за овој проблем, Општина Центар ќе ги знае следните чекори и за истите ќе ги извести сопствениците. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, практично по стапувањето на функција, неколкупати досега во своите јавни настапи предупредуваше од можноста за еколошка катастрофа на местото на поранешната фабрика „Треска“, споредувајќи ја сега состојбата таму дури и со Чернобил.

— реклама —

„Повеќе пати сме апелирале за изнаоѓање издржано решение за отпадот кој се наоѓа таму, но поради објективни причини, локацијата сè уште не е исчистена. Чистењето на локацијата е и обврска на сопствениците на објектите. Досега до општината се пристигнати 28 барања за отстранувања на објекти од страна на сопствениците и истите се уште се во постапка“, рече Герасимовски.

Тој потенцира дека приоритет на општината е што поскоро безбедено да се расчисти целиот простор кај „Треска“ и да се стави крај на ваквите немили настани, бидејќи поголеми и помали пожари се случувале во изминатиот период повеќе пати. Покрај ова, старите хали се предмет на грабежи, а локалните жители се чуствуваат небезбедно. Зависно од исходот и заклучоците на Кризниот штаб, потенцираше Герасимовски, можно е да се спроведе и забрзана постапка за издавање дозвола за рушење на објектите, со цел побрзо отстранување на опасниот азбестен отпад и како примарно, поголема безбедност на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања