Кој ќе го наследи Филипче, двајца директори се потенцијални министри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
buhova

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова е можно да биде следната министерка за здравство, откако Венко Филипче се повлече од морални причини. Според извори на „Скопје1“, таа е најсериозниот кандидат, а по неа, се споменува и името на Виктор Исјановски, кој пак е директор на Здравствен дом-Скопје. Од нив засега нема потврда, ниту негирање дека премиерот Зоран Заев сака еден од нив да назначи на местото од Филипче.

— реклама —

Според извори на „Скопје1“, а имајќи во предвид дека Бухова е дел и од Комисијата за заразни болести, таа е најсериозниот кандидат за наследник на Филипче. Таа одблиску ги знае состојбите со пандемијата, беше вклучена во носењето на одлуките поврзани со заштитните мерки и рестрикциите, притоа го познава здравството, неговите недостатоци и проблемите. За време на пандемијата, постојано беше присутна во јавноста, бидејќи институцијата со која раководеше, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, активно работеше во делот на издавањето на дозволи во нивна надлежност, заедно со решенијата за изолација.

Од ова, се добива впечаток дека Виктор Исјановски е „план Б“, доколку, Бухова не прифати да биде министерка за здравство. За него, во изминатиов период се врзува и скандалот со бркањето од работа на долгогодишниот невролог, доктор Мирослав Гроздановски, откако ја фотографираше погрешно испишаната табла за „дерматовенерологија“ во поликлиниката „Букурешт“. Исјановски неколку денови по објавата на таблата му изготви решение со кое прво го премести да работи во поликлиниката „Бит пазар“, со образложение дека таму имало недостаток на кадар (кој патем го немало цела година), а потоа, го избрка и од работа. Одлуката за престанок на работниот однос ја донесе иако сам тврдеше дека нема кадар и докторот Гроздановски е неопходен во поликлиниките. За ова, директорот Исјановски доби големи критики од јавноста и фелата.

— реклама —

Третото име кое се споменува е директорот на градската општа болница „8 септември“, Христијан Костов. Но, тој, нема афинитети да го земе министерското место во здравство.

Министерот Венко Филипче вчера поднесе оставка од функцијата од морални причини откако изгоре модуларната ковид болница во Тетово. Тој кажа дека повлекувањето е од морални причини. Сега, се очекува премиерот Зоран Заев да ја прифати оставката и да назначи нов в.д. министер. Шансите дека Заев нема да го прифати понуденото повлекување се мали, особено имајќи во предвид на жестоките реакции од јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања