Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кој ќе го врати сјајот на МЗТ и од каде пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
mucunski-696x465

Некој како да бараше решение, ама како да молеше Бог да не ги најде тие решенија. Тоа е фактичката состојба која што ја имаме во општина Аеродром, вели кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во вечерашното соочување на Македонската телевизија.

— реклама —

Муцунски вети изградба на нова спортска сала, градинки, како и читална за младите кои што се студенти од Аеродром.

Хуманата градба и урбанизацијата не значи само изградба на домови, згради за домување, значи и урбанизација во делот на инфраструктурни проекти, на нови градинки, на нови спортски сали, освен салата Јане Сандански немаме ниту една спортска сала со стандард за реиграње на ракомет, на Аеродром конечно му е потребна некој да дојде и да ја реализира и тоа е урбанзација, замислете зборувам една од најголемите општини во Скопје нема сопствена гимназија. И тука треба да го ставиме фокусот на урбанизацијата, треба да се шири општината, но пред се администрација која што надзор ќе врши дефокусирана од потребата за корупција на поединци, додаде тој.

— реклама —

Ќе има театар, простор за изложби, читална за млади луѓе, огромен број на млади луѓе кои што се студенти во Аеродром, вели Муцунски.

Во однос на МЗТ Скопје, Муцунски посочи дека е потребна итна ревизија на работењето, како и враќање на неговиот сјај, укажувајќи дека Александар Филиповски против кандидатот за градоначалник од СДСМ како претседател на Управниот одбор на клубот двојно му ја зголемил платата на Извршниот директор за да го поддржува во неговата кампања.

Во делот на ревизијата ќе треба да го отвориме и прашањето за МЗТ Скопје, брендот на општината Аеродром кој што заслужува уште поголема поддршка од што има од сега. Но, за жал во моментот од сите информации е заглавен во неколку поединци кои што ги злоупотребуваат тие средства, еден од нашите против кандидати како претседател на Управниот одбор, двојно ја зголемил платата на Извршниот директор на клубот за да тој биде сега и еден од најголемите поддржувачи негови во кампањата. МЗТ Скопје е бренд на Аеродром на кој што треба да се направи ревизија на работењето на поединците, а клубот да го вратиме таму каде што не е во моментот, каде што за жал испадна заради неодговорно работење во АБ1 и во Евро куб, таму исто така ни е потребна итна ревизија и да го вратиме сјајот на МЗТ Скопје, истакна Муцунски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања