Промени тема
Контакт

Кој ќе им каже на Бугарите дали има Македонци: Маричиќ не оди за Бугарија, има корона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
51826954785_8561cc25fc_c

“Започнуваме со нова динамика и отвораме нова можност со Република Бугарија, на еден поинаков начин на меѓусебна комуникација и соработка, од која очекуваме унапредување на односите и надминување на разликите во интерес на граѓаните на двете земји” напиша Бојан Маричиќ, министер за евроинтеграции.

“Давам целосна поддршка на процесот на продлабочување на соработката на сите нивоа и во сите области, како и зближување на двата народи, преку видливи резултати од функционирањето на работните групи. Јас нема да бидам дел од владината делегација, поради позитивен тест на Ковид - 19 и покрај тоа што немам никакви симптоми, правилата наложуваат изолација. За жал, нема да сум присутен и на првиот состанок на заедничката меѓувладина работна група за европска интеграција и зелени политики со која јас копретседавам, но останувам во комуникација со колегите Грковска, Нуредини и Алити, како и со моите бугарски колеги околу деталите и заклучоците од средбата. Со успех” додаде тој.

— реклама —

Претходно, по бурните реакции кои следуваа за изјавата на бугарскиот премиер дека во Бугарија не постои македонско малцинство, од новата функција ги коментираше вицепремиерот за европски прашања.

— реклама —

“Не е наша рабата да кажеме каде и какво малцинство постои, тоа е и наша обврска од Уставот, вели Маричиќ.

— реклама —

„Тоа е внатрешно прашање на сите држави во регионот, вклучувајќи ја и Бугарија, а секоја група на луѓе, етничка заедница или пак политичка партија или здружение, имаат право да ги бараат своите права преку Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права или Европската конвенција за заштита на човековите права”, додаде Маричиќ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања