По три години пауза оваа година ќе се одржи велешкиот фестивал на питата и виното. Оваа година „Питијада“ ќе се одржи од 7-ми до 9-ти октомври пред „Панини“.
На тридневаната програма има музика за сечиј вкус. Така најголемите имиња на фолк сцената во Македонија доаѓаат во Велес! Миле Кузмановски, Наум Петрески и Зуица Лазова, Сузана Спасовска + Академци ќе настапат на „Питијада.
Освен фолк естрадата, тука ќе бидат „The Hounds“, „ДНК“, „Фолтин“ и „Љубојна“ + „Brass fantasy“.
/screenshot_290" rel="attachment wp-att-200711">
За најмладата публика ќе бидат омилените ликови од „Дајте музика“ и „5+ бенд“ кои доаѓаат во Велес со свој концерт!
/309430010_540379881423053_1837137275920236296_n" rel="attachment wp-att-200713">