Лидерите на двете најголеми партии – владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, ќе се сретнат денеска , како што потврдија и двајцата деновиве. Тоа ќе биде нивна прва средба по речиси осум месеци, кои поминаа во знак на изразено ривалство меѓу двете партии во однос на клучните политички процеси што се одвиваа во овој период во земјава.
Иако засега нема повеќе детали за средбата, која има посебна симболика со оглед на тоа што се поклопи со верскиот празник Прочка, првичните најави се дека засега веројатно нема да се оди на проширување на форматот со лидерите на другите парламентарни партии.
Мицкоски во интервју пред два дена рече дека на средбата ќе истакне дека специјалната обвинителка Катица Јанева не ја оправда дадената доверба, како е потребна лустрација на сите политичари во изминативе три децении и утврдување на потеклото на нивниот имот.