Кој останува во идната Влада, а кого го фати „метлата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
268840076_356792909451914_4678216206872841274_n

По промената на лидерската позиција во СДСМ, се подготвуваат одредени промени во раководството на партијата, кои ќе се рефлектираат и врз составот на идната влада што треба да се предложи и избере по оставката на се уште актуелниот премиер Зоран Заев.

— реклама —

Досегашниот генерален секретар на партијата, Љупчо Николовски, според неофицијални информации, најверојатно ќе седне на министерското столче во одбрана, кое веќе најави дека ќе го ослободи Радмила Шеќеринска.

— реклама —

Сега, за нов македонски амбасадор во САД се споменува поранешниот амбасадор и министер и актуелен вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров, чија позиција, според партиски извори, веројатно ќе ја зазеде секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и министер за правда Бојан Маричиќ, објави Фокус.

— реклама —

Во меѓувреме, министерот за здравство Венко Филипче порача дека заедно со Заев се повлекува од раководството на СДСМ и од министерската функција во здравство, која ќе ја преземе Беким Сали од најновиот владин коалициски партнер – Алтернатива.

Покрај него, и министерката за образование Мила Царовска најави дека нема да учествува во новата влада, а сознанијата говорат дека промени се очекуваат во Министерството за култура (Ирена Стефоска), а не се исклучуваат и во Министерството за труд и социјала (Јагода Шахпаска).

Што се однесува до Министерството за внатрешни работи, се очекува Оливер Спасовски да продолжи да раководи со ресорот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања