Новата влада треба да се формира до средина на јануари, според координаторото на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески. Тој вели дека новата влада ќе остане до крајот на мандатот во 2024 и дека нема да има предвремени избори.
На местото на Венко Филипче во Министерството за здравство ќе треба да седна Беким Сали, поранешен кандидат за градоначалник на Чаир и стоматолот. Си оди и Радмила Шекеринска, засега се крие името на новиот министер за одбрана. Повлекување најави и Мила Царовска од Министерството за образование, за кој ќе биде нејзина замена - не се знае.
За информатичко општество и администрација ќе биде назначен Адмирим Алити, а министер без ресор задолжен за дијапсората – Џемаил Чупи.
Тројца заменици министри доби Алијанса во преговорите со Заев, а тие се за образование- Лулзим Алиу, Даим Лучи за култура и во земјоделие заменик ќе биде Абдулшики Абедини.
Владата ја прифатила и оставката на Авни Рустеми, од должноста заменик директор на Агенцијата за млади и спорт, а за вршител на должност е именуван Амир Биљали.Прифатена е и оставката на Бујар Дардишта, од должноста директор на Управата за водење на матични книги, а за вршител на должност е именуван Блерим Абази.
За в.д. директор на Државниот завод за индустриска сопственост е именуван Ибуш Јусуфи. Никица Бачовски, пак, е именуван за вршител на должност директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
ВД директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Дејан Павлески е разрешен, а на негово место е именуван Беким Емини.
Разрешена е и в.д. директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, Каљтрина Беќири , а на нејзино место е поставена Мерал Исмаили.
Разрешен е и директорот на Казнено поправен дом Идризово, Јовица Стојановиќ, а на негово место, за в.д. директор е именуван Реџеп Реџепи.
Владата заклучила и да му препорача на Управниот одбор на ЈП Национална Радиодифузија, да го разреши од должноста в.д. заменикот на директорот, Мухамед Цури, а на негово место да биде избран Суат Џемаили.