Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Која била Билјана? Знаете ли дека била најголемата љубов на Цар Самоил?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
biljanini-izvori

Дали и колку Охрид и Македонија, продавајќи приказни привлекуваат туристи? Дали знаете во кои Охридски цркви има мошти на светци? Како се прави ѓомлезе? Знаете ли која била Билјана што платно белела? Ова се само дел од приказните кои привлекуваат туристи и поради кои многумина би го одбрале Охрид како место кое сакаат да го посетат?

— реклама —

Една од приказните која со воодушевување сакаат да ја слушаат туристите, а за жал ретко ја знаат и охриѓани е онаа за Билјана. Која била Билјана?

— реклама —

Едно од тие преданија е она за огромната љубов меѓу цар Самоил и Билјана. За љубовта за преубавата Билјана постои многу интересна приказна која малкумина ја знаат.

— реклама —

Имано царот Самоил имал тајна љубов со Билјана, девојка која заслепувала со својата убавина. Самоил кој бил многу вљубен во преубавата Билјана, тајно се среќавал покрај изворите. Откако сопругата на царот Агата, по потекло Гркиња, разбрала за оваа голема љубов испратила човек да ја убие, но девојката наместо да умре останала парализирана.

Билјана не сакајќи во таква состојба да ја види царот, се засолнила во пештера на Галичица каде што му родила син на цар Самуил. Кога тој го открил местото каде што се засолнила Билјана и во каква состојба е таа, царот се расплакал. Преданието раскажува дека точките кои ги има охридската пастрмка се царевите солзи, кои капеле во езерото. Според легендата кога Самоил конечно открил каде е неговата најголема љубов таа веќе била крајно изнемоштена. Билјана починала во негови раце.

Инаку за бистрата вода на Билјанините извори, македонскиот народ пропеал многу песни. Најпознатата е: Билјана платно белеше“ :

“Билјана платно белеше на охридските извори

Ми поминаа винари, винари белограѓани.

Винари белограѓани, да не ми платно згазите,

платното ми е даровно,

за свекор и за свекрва.

Билјано, моме убаво, ако ти платно згазиме

со вино ќе го платиме, со вино лута ракија.

Винари, белограѓани, не ви го сакам виното,

тук ви го сакам момчето што напред тера карванот

и носи кепче над око.

Билјано моме убаво

момчето ни е таксано

за него вино носиме, вино и лута ракија.”

jm_4iJJjbP8

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања