Која е девојката од емирати која бара азил?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
devojka-emirati-1

По статусот на ФБ на Ирена Цветковиќ извршна директорка во Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“- Скопје, во кој таа бара помош за девојка од Емирати, која е во затвор во Македонија, денеска пристигна mail во кој има детали за девојката.

— реклама —

Соопштението го пренесуваме во целот:

Хинд Мухамед Алболоки (родена 1976) државјанка на Обединетите Арапски Емирати која во Македонија се наоѓа од 04.10.2018.

— реклама —

Откако тогаш на легален начин влегла во земјава познаничка која работи во полиција и укажала дека може да побара азил. Таа го побарала најрегуларно на 15.10.2018. Притоа, како што вели таа, Зоран Верушевски ја наговарал да не бара азил, ја убедувал дека има убав живот и дека треба да се врати дома каде што ќе живее луксузно покрај мажот и четирите деца. Таа сепак побарала азил и била интервјуирана во МВР (зградата на МТВ). Таа вели дека интервјуерите ја испитувале како да е осомничена за кривично дело. Потоа била пуштена да живее со нејзината пријателка Амина и нејзиното семејство во Скопје. Зоран Верушевски овој пат испратил полицаец со име Горан да ѝ пренесе дека ќе биде заштитена и дека ќе и биде доделен азил.

На 07.11.2018 одбиена е и нејзиното барање за азил на што приложила тужба на 12.12.2019 која на 29.01.2019 повторно била одбиена. На 07.12. 2018 е објавена судска пресуда според која и се ограничува правото на движење сообразложение дека ја загрозува националната безбедност и јавниот ред и сместена е во прифатилиште за бегалци иако претходно уредно престојувала кај нејзина пријателка. И се сместува во центар за грижа добила телефонски повик дека мора да се пријави во друг центар за азил во Гази Баба, притоа ѝ е нагласено “да соработува’, алудирајќи на тоа дека направила нешто лошо (сметана за криминалец) без апсолутно никакви докази. Тоа не и е дозволено, во центарот за азиланти престојува 2 и пол месеци.

Причината поради кои ги напушта Емиратите се закани од нејзиното семејство (татко и брат) дека ќе и наштетат, само затоа што побарала развод од човекот кој физички ја малтретира и сексуално злоставува. Во видеото напоменува дека мажот тајно ја оставал неколку пати, ја понижувал, кажувајќи и дека што и да направи таа нејзините повторно ќе ја вратат кај него. Жената е преплашена за својот живот.

Исплашена е поради:1. Закани од нејзиното семејство дека ако им го посрамоти името тие самите ќе ја убијат2. Во Емиратите казната за прељуба (која лесно може да се припише) е смртна казна.Жената ќе биде депортирана ако не направиме нешто итно!Информациите се преземени од разни фб профили и видеата кои ги објавува Хинд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања