Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Кока-Кола отпушта 500 работници и затвора фабрика во Германија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-10-02-124102

Американскиот прехранбен гигант Кока-Кола најави дека следната година ќе ги затвори центрите за флаширање и логистика на пет локации во Германија и ќе отпушти 500 работници, истакнувајќи ги исцрпените можности за проширување на бизнисот и промените во логистиката.

Затворањата се планирани за локации во Келн, Нојменстер, Берлин, Билефелд и Меминген, се вели во соопштението на Coca-Cola Europacific Partners (CCEP) објавено вчера.

— реклама —

CCEP флашира, продава и дистрибуира производи на Кока-Кола во Германија и вработува околу 6.500 работници на 27 локации, вклучително и 14 фабрики за флаширање.

Затворањето на фабриката за флаширање и логистичките центри подразбира престанок на 505 работни места и префрлање на 207 од нив на други локации. Во исто време, компанијата планира да отвори 78 нови работни места.

— реклама —

Производството во Келн ќе биде прекинато на крајот на март следната година, најавија тие. Кока Кола има и логистички центар на таа локација и вработува вкупно околу 600 работници.

— реклама —

CCEP има четири фабрики за флаширање на запад од Германија, а Келн има две производни линии и најмал обем на бизнис, со исцрпени можности за проширување или раст, посочија тие.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4mj581auo24g2N0aRJZ

Германија под аларм поради екстремни горештини, издадено предупредување за речиси целата земја

Свет | пред 1 ден

business-people-meeting-in-office-top-view-2021-08-26-16-33-05-utc-scaled-1

Невработеноста во Германија повторно над три милиони лица

Свет | пред 4 дена

media-library8d9visqctesu5B6DET9

Германската железница излезе од минус – прв профит по седум години

Свет | пред 5 дена

media-librarylvook9aclh662lhKgzS

Екстремните горештини однесоа речиси 13.000 животи во две европски земји

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања