Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Колев од ГДУ укажува на нерегуларности во пописот и поставува прашања до Симовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
petar-kolev-apostol-simovski

Петар Колев, pретседател на Граѓанско Демократска унија упати писмо до Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика. Дописот е за спроведувањето на пописот. Истото Ви го пренесуваме во целост:

„Во последниот период од време зачестуваат реакции на граѓани кои споделуваат и во јавност, сигнализираат и кон нас, но и кон Вас, се обраќаат со писма и мејлови за нерегуларностите кои се дел од оваа статистичка операција.

— реклама —

Веќе неколку сигнали од граѓани потврдуваат дека поради брзање, неискуство или можеби поради друга причина, попишувачите го пропуштаат или погрешно го внесуваат податокот од изјавата за национална припадност и мајчин јазик.

Не би сакал да навлегувам во содржината и поводот за таквите нерегуларности, но сум должен да се обратам кон Вас пред се како граѓанин кој има желба оваа статистичка операција да заврши успешно, демократски, но и транспарентно.

— реклама —

Затоа би сакал да ве запрашам и се надевам дека ќе добијам јасен и конкретен одговор на прашањата кои што следат, со јасна цел граѓаните да имаат директен увид во процесот, полна транспарентност и професионалност на институцијата која ја раководите и се разбира контрола на личните податоци од страна на граѓаните кои ги користите, како и јасна гаранција, контрола и почитување на основното човеково право, правото на самоопределување.

1.Дали попишувачите ангажирани од вашата институција ќе сносат одговорност за некоректното и непрофесионално внесување на податоци на граѓаните, ако се укаже дека во процесот на внесување, добиле една изјава, а внесле во системот друга информација?

— реклама —

2.Дали граѓаните ќе имаат можност после завршување на пописот да се обратат до вашата институција со цел транспарентност, но и гаранција на основното човеково право, правото на самоопределување, и да побараат официјална информација како се внесени нивните лични податоци во системот и дали одговараат на нивната изјава дадена по време на анкетата извршена од попишувачите ангажирани од вашата институција?

3.Доколку се укаже дека има разминување во дадената изјава и внесените податоци, каква е правната постапка со која граѓаните ќе можат да го заштитат своето право на самоопределување, кое впрочем е гарантирано и со Уставот на Република Северна Македонија?

— реклама —

Со оглед на времето, но и динамиката на процесите очекувам од Вас како прв човек на ДЗС јасни и конкретни одговори, кои би биле јасен сигнал за Вашата лична желба, но и професионална заложба за еден фер, демократски, но и правично спроведен попис.

Недобивањето на одговор на овие прашања, во мене, но и во многу граѓани, ќе создаде сомнеж, односно целата статистичка операција, како и јасен сигнал за можен инжинеринг“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања