Промени тема
Контакт

Колкав раст на пензиите следува во наредниот период

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Penzioneri

„СДСМ во изминатиот период, во неколку наврати ја покачуваше минималната плата и ја донесе на историски највисока вредност. Со последното зголемување на 18.000 денари, минималната плата е двојно зголемена од 8.800 денари, колку што изнесуваше пред 4,5 години“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

„Започнувајќи од мартовската плата, 80.000 работници ќе добиваат зголемени месечни примања за околу 45 евра.

— реклама —

Воспоставена е методологија, која обезбедува континуиран раст на минималната плата, која никогаш повеќе нема да биде пониска од 57 отсто од просечната плата.

— реклама —

Покрај растот на минималната плата, ќе следува раст на пензиите. Фондот за пензиско осигурување е стабилен и се подготвува нова методологија која ќе обезбеди одржливо зголемување на пензиите на сите 330.000 пензионери во државата, но и воведување на пакети за помош за справување со последиците од економската и енергетска криза.

СДСМ во изминатите години покажа дека е можно платите и пензиите да растат, а при тоа да не се крати од капиталните инвестиции, затоа што парите наместо на споменици ги насочуваме кон конкретните потреби на граѓаните.

— реклама —

Заштитата и унапредувањето на животниот стандард на граѓаните е врвен приоритет за СДСМ, за Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања