Промени тема
Контакт

Колку и како ќе се зголемат пензиите, Ковачевски ќе дебатира од утре

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
21012022_PVRSM_EUcom-1

Во изјава за медиумите, премиерот Ковачевски посочи дека од страна на Министерството за труд и социјална политика и другите ресорни министри е веќе закажан првиот состанок на кој ќе се разговара за методологијата која ќе понуди одржлив и континуиран раст на пензиите во иднина. Воедно, се очекува методологијата да ја одржи постигнатата стабилност на Пензискиот фонд.

Процесот ќе се одвива низ отворен дијалог и меѓусебно разбирање на сите засегнати страни, исто како што се одвиваше и процесот врзан за покачување на минималната плата, процес кој заврши во историски договор постигнат на задоволство на сите страни, истакна Ковачевски.

— реклама —
— реклама —

„Во однос на методологијата ние имавме веќе едно покачување на пензиите, а следува и уште едно покачување на пензиите меѓутоа низ досегашните разговори и барања на асоцијациите на пензионерите како и низ анализите кои претходно беа правени веќе се пристапи кон разговори од кои што треба да произлезе нова методологија за пораст и усогласување на пензиите. Тоа е значајно затоа што на таков начин ќе може да се обезбеди континуиран и соодветен раст на пензиите бидејќи пензионерите тоа го заслужуваат“, изјави премиерот Ковачевски.

— реклама —

Премиерот потенцираше дека веќе се прават анализи и во однос на пакет финансиска поддршка на пензионерите, земајќи предвид дека се наоѓаме во енергетска криза која што предизвикува и негативни економски последици. Анализите ќе овозможат да се дефинира како износот, така и износот по различна категорија на висина на пензиите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања