Промени тема
Контакт

„Колку народни пари ќе се потрошат?“ – СДСМ бара одговор од Владата за прославата со Дејвид Гета

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarylcfng8lpg51i2arU08f

Дури и Денот на независноста криминалната власт го извалка. Организатор на настан по повод 35 година од независноста, платен со пари на граѓаните, се однесува дрско кон новинари и кон јавноста и не одговара на тоа колку народни пари ќе се потрошат, велат од опозициската СДСМ.

„Тоа е за секоја осуда.

— реклама —

Граѓаните имаат целосно право да знаат, новинарите имаат право слободно да поставуваат прашања. А Влада на Мицкоски наместо ароганција има обврска да им каже колку пари ги чини прославата по повод 35 години од независноста.

Настапот на Дејвид Гета чини најмалку 1 милион евра. Само за него.

Ако на тоа се додадат бини, озвучувања, обезбедување, придружни актери и така натаму сумата значително се зголемува.

— реклама —

Со сите активности и настани по некои проценки вкупната сума достигнува до 5 милиони евра.

Прашањето е како е донесена одлуката да се потрошат над 5 милион евра?

— реклама —

Авалон фирмата којашто ја најавува владата е со блокирана сметка и на листата на должници на УЈП.

Како е одлучено токму таа фирма да организира државна манифестација, без јавен повик, без тендер?

Јавноста и граѓаните очекуваат одговори.

— реклама —

За жал сето ова, дрскоска, навредите кон граѓаните и кон новинарите се одлика на оваа влада и нивниот однос кон народот.

Влада која својот народ го нарекува „талог“ вака се однесува“, велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt5ukge6lk7o9bJfuE5b

(Фото) Монолит, македонско знаме и волчица: Вака изгледа уникатната јакна што ја доби Дејвид Гета од Сатја Грабулоски

Вирално | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryfa3dbt298mj8dDUs5cH

„Кога славиме за Македонија, славиме со срце и гордост“ – Мицкоски по настапот на Гета, се огласи и Ѓорѓиевски

Коментари | пред 3 седмици

media-libraryatksumpbe13j4PWPyXe

(Видео) „50.000 луѓе, ова е лудо, никогаш не замислував дека ќе си поминам вака“ – Дејвид Гета воодушевен по настапот во Скопје

Магазин | пред 3 седмици

0

(Видео) Песни од Каролина Гочева одекнаа пред настапот на Дејвид Гета во Скопје

Сцена | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања