Колку тони дрога се пренесени преку македонските граници без да бидат откриени, прашува Димитријевиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-libraryhmm5bi8vd9qbcYV6CXN

Во соседна Србија е запленета огромна количина од 5 тони дрога, која дошла преку Македонија. Меѓу уапсените има и ко-сопственик на македонска фирма. Ова е огромен, криминален, картелски скандал за кој мора да има одговорност, вели Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

— реклама —

„Клучното прашање на кое власта мора веднаш да одговори е: Како 5 тони дрога поминале преку македонската граница?

Кој дозволил 5 тони дрога да се прошверцува?

— реклама —

Без поддршка и заштита од структури во власта, криминал од вакви размери не може да се случи.

Ова не е инцидент – ова е систем.

Како е можно во држава со Сејф Сити, со камери и скенери на граничните премини да поминат 5 тони дрога?

Или ова е толку добро организирана картелска мрежа поврзана со сѐ и никој ништо не ѝ може?

Уште колку вакви пратки, уште колку тони дрога се пренесени преку македонските граници без да бидат откриени?

Криминални тендери, дрога од 5 тони, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници вредни 65.000 евра.

А нема пари за поголеми плати, нема пари за минимална плата од 600 евра за работниците кои едвај врзуваат крај со крај.

Како во мафијашки филм.

СДСМ со денови алармира за директна поврзаност на криминални структури во Македонија и во Србија, но наместо одговори, молк.

Дали 5 тони дрога се доволни за Обвинителството конечно да реагира?

Ќе покрене ли истрага за овој случај или повторно гласот не допира за скандалите и криминалот на власта“, додава тој.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања