Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Колку заработила Анастасија за три години?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
anastasijarodjendan250520210077-830x0-1

Анастасија Ражнатовиќ досега заработила повеќе од 500.000 евра од нејзините седум песни, објавени на Јутјуб и на најпопуларните платформи за стриминг музика.

— реклама —

Од основањето на нејзиниот YouTube канал на 11 јуни 2018 година, ќерката на Цеца собра речиси 240.000 евра само од оваа услуга, бидејќи сите нејзини видеа досега се прегледани нешто помалку од 240 милиони пати, пишува Курир. Оваа бројка може многу лесно да се достигне ако е познат фактот дека за милион прегледи на Јутјуб, просечната сума е околу 1.000 евра.

— реклама —

Сепак, таа заработува далеку повеќе од слушање и преземање музика и од други дигитални платформи. Па така секогаш кога се појавуваше нова песна, таа беше во 100 -те најслушани во Србија. Цената за еден милион прегледи се движи во просек од 3.000 до 3.500 евра.

— реклама —

Ражнатовиќ има околу 16 милиони стримови за пет песни или речиси 150.000 редовни слушатели месечно, што значи дека од нив заработувала 70.000 евра.

Меѓутоа, овде треба да се нагласи дека изведувачот не го добива целиот износ од овие платформи, бидејќи издавачката компанија, односно издавачот, зема околу 40 проценти од заработката на прегледи. Меѓутоа, бидејќи Анастасија е ексклузива на „Ceca music“, јасно е дека младата ѕвезда овде е во подобра позиција од нејзините колеги.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања