Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Колку заработувале и нотари и извршители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
lukarevska

Лице кое се родило во 2013 година е најмладиот милионер во 2020 година и истото остварило доход 1.016.947 денари (16.535 евра), а највозрасното лице кое остварило над еден милион денари приход било на возраст од 96 години со вкупен доход од 4.570.535 денари (74.317 евра) И кај двете лица најголемиот дел од приходот е остварен од закупнина, информираше денеска Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи.

Управата за календарската 2020 година изготвила и доставила пополнета Годишна даночна пријава, за 769.794 граѓани.

— реклама —

Искажаниот годишен бруто доход во пријавите изнесува 331.146.120.469 денари, а пресметаниот данок на личен доход е во износ од и 19.607.095.073 денари.

— реклама —

За 40 021 граѓани утврден е бруто-доход над 1 милион денари, додека најголемиот број на граѓани односно 616.024, оствариле бруто-доход кој се движи од 100 илјади до 1 милион денари. Во однос на 2019 година има зголемување во врвните прагови, односно 11 граѓани во 2020 оствариле над 100 милиони денари а 557 граѓани оствариле приходи во прагот од 10 до 100 милиони денари.

— реклама —

Во 2020 година Скопјанка пријавила 453.110.019 (7,4 милиони евра) годишен бруто доход.

Највисоката годишна бруто плата во 2020 година исплатена е на граѓанин од Струга. Платата е остварена во индустријата со метали и изнесува 105.200.322 денари. На листата на највисоко рангирани бруто плати се најдоа и платите исплатени во секторот здравство, аптеки, одгледување на добиток,трговија со тутун и игри на среќа. Највисокото лично примање изнесува 63.263.316,00 денари на годишно ниво за извршени услуги кон компанија за производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Највисоката капитална добивка 151.630.289,00 денари остварена е од граѓанин на Скопје од продажба на сопственички удел, додека највисоката исплатена дивиденда е во износ од 306.304.450,00денари и исплатена е на граѓанин на Скопје кој е сопственик на бизнис кој припаѓа на дејностите на трговија со автомобили и моторни возила.

И во 2020 година од самостојното вршење на дејност Скопјани доминираат на листата со доход по овој основ, од кој највисокиот изнесува 73.575.500 денари. Во 10-те топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, извршители, угостители, електроинсталатори и производители на амбалажи од хартија. Највисок доход од продажба на земјоделски производи во износ од 32.211.004 денари остварил жител на Ресен.

Прво-рангираниот пензионер е од Скопје кој пријавува странска пензија која изнесува 5.811.143 денари.

Годишните даночни пријави се изготвени врз основа на податоците од пресметките за исплата на доход поднесени од страна на исплатувачите, од пресметките во кои граѓаните пријавиле дека оствариле доходот од други физички лица и од странство, врз основа на податоците од годишниот даночен биланс како и паушално утврдениот нето доход од вршење самостојна дејност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања