Командир на противпожарна единица: Сите пожари најодговорно тврдам дека се подметнати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vlatko-pozarna

Владимир Кочовски, командир на противпожарната единица во Скопје, на својот Фејсбук профил напиша дека пожарите што деновиве се шират низ речиси целата држава се подметнати.

— реклама —

„Пожари

Сите, буквално сите пожари на отворен простор, најодговорно тврдам дека се подметнати.

— реклама —

За причините во некоја друга прилика.

Исто како и пластичните контејнери кои, статистички гледано, горат во Карпош и Центар во 90 % од случаите.

Реков дека во некоја друга прилика може да кажам дали пожарите имаат политичка заднина?

Дали тоа го прават дрвокрадците, земјпделците кои ги палат стрништата па потоа тоа излага од контрола?

Поентата е дека во моментов Бригадата работи со намален број на луѓе кои прават натчовечки напори за да ги угаснат пожарите.

Скоро половина од возилата се секој ден на сервис.

Се троши огромна количина на гориво.

Возилата се уништуваат затоа што мора да се вози и по непристапни места.

Затоа, што повеќе полиција на терен( не инспектори).

Забрана за движење во шума.

Казни за секое запалено стрниште.

Ангажирање на чуварска служба, полиција, што и да е, на сите депонии.

П.С. За тоа време, додека сите се на терен за да гасат подметнати пожари, треба да знате дека може да се случи пожар на објект на кои повик ќе нема доволно луѓе и возила за пожарот да биде угаснат“, стои во објавата на Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања