Комисијата за заразни болести препорача намалување на периодот на изолација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
w_56097563

Намалување на периодот од 10 на 7 дена изолација за ковид-позитивните пациенти е ставот што произлезе од денешната вонредна, седница на Комисијата за заразни болести. Одлуката ја носи Владата на предлог на Министерството за здравство, а врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести и одобрување од Главниот кризен штаб.

— реклама —

„На состанокот на Комисијата, денеска, не стана збор за укинување на сертификатите и за носењето заштитни маски од учениците со започнувањето на второто полугодие од учебната година. За овие прашања ќе се разговара дополнително на некои од наредните состаноци на Комисијата.

— реклама —

Состојбата будно ја следиме, а анализите во моментот укажуваат на тоа дека сè уште има капацитет за сместување во болниците. Сепак, со оглед на околностите, на денешната седница дискутиравме и за потребата од брза реакција доколку сликата се смени и болниците се преполнат. Во такви околности Министерството за здравство веднаш би ги ставило во функција останатите капацитети на јавноздравствените установи. Ги преземаме сите соодветни мерки за да обезбедиме сигурност за секој граѓанин поединечно“, велат од Министерство за здравство.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања