Денеска владиниот Комитет за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, одржаа прес-конференција за авионската несреќа во која трагично го загубија животот четири државјани на соседна Република Бугарија во вторникот (2-ри април), во атарот на Солунска Глава.
На оваа прес-конференција се обрати претседател истражителот на Комитетот Зоран Илиевски кој презентираше досегашни факти од истрагата по трагичната несреќа, за која објасни дека по завршениот увид во истрагата се утврди дека авионот е паднат во особено тешки услови, особено и поради снегот кој е присутен на повисоките места на планинскиот врв Солунска Глава. Истрагата е сѐ уште во тек, за утврдување на сите детали за несреќата.
Со цел да се заврши успешно истрагата на 4.4.2019 е донесена одлука за формирање на Комисија за истражување на конкретната воздухопловна несреќа која ќе биде составена од членовите на Комитетот и надворешни експерти во доменот на воздухопловство, од домашните институции и компании или доколку е потребно ќе бидат вклучени и агенции или центри за истраги од соседството или други држави.
Првите резултати ќе бидат објавени најрано за 30 дена а откако ќе се утврдат причините за несреќата ќе се состави и препорака за превенција како да не се повтори истата грешка. Дали временските услови се причина за падот на авионот во кој загина 4 членото семејство од Бугарија, претседателот на комитетот не потврди но вели дека според комуникацијата е познато дека пилотот пријавил турбуленција. И тој ги отфрли информациите дека од скопскиот аеродром не му била дадена дозвола за слетување на пилотот поради посетата на грчкиот премиер.
– Веќе дадовме барање до центарот за воздухопловна навигација за преслушување на авио снимката. Во делот над прилепско побарал да слета во Скопје а потоа веднаш го повлекол барањето и кажал дека продолжува кон Софија. ... “ Пилотите сами одлучуваат дали ќе летаат или не . претходно во службата за навигација го најавува и прави план и бара информации од метео службата и сите други информации. Пилотот сам си го прави патот за летање но го доставува тој план . ..
Од август минатата година воспоставена е соработка со Центарот за истраги на авионски несреќи во соседна Република Бугарија, а наскоро ќе се потпише и меморандум за соработка со владиниот Комитет за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти на двете држави.
Со цел спречување на ширење на шпекулации во јавноста, денеска на оваа прес-конференција Комитет за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти ги презентираше своите две основни дејности од кои прва и основна дејност е истрагата на воздухопловни несреќи и на сериозни инциденти со цел да се утврди причината на несреќата, втора основна дејност е превенцијата кога после изведените заклучоци се прават препораки од кои произлегуваат идните превенции на ваквиот тип на грешки.
Ваков тип на авион може да лета и на 6- 7 000 метри надморска височина. Во овој случај тој летал на 2200.