„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ќе одлучува за статусот на Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ohrid-12

Делегација на Владата на Република Македонија учествува на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку, Азербејџан, на која ќе се дискутира за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

— реклама —

Делегацијата, што ја предводи министерот без ресор Едмонд Адеми, а во која уште се и заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, за време на сесијата на Комитетот, делегацијата ќе оствари средби со високи претставници на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, со делегациите на земјите членки меѓу кои Кина, Бразил, Босна и Херцеговина, како и со претседавачот на Комитетот Др. Абулфас Гарајев, министер за култура на Азербејџан.

Делегацијата на Република Македонија ќе оствари средби и со колегите од Република Албанија, во насока на заедничко делување и управување со Охридското Езеро и неговотo опкружување.

— реклама —

За време на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО , Владата на Република Македонија ќе го нагласи и афирмира ставот дека e комплетно посветенa на зачувување на статусот на Светско културно наследство на Охридскиот регион, кој не ѝ припаѓа само на Македонија, туку на целиот свет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања