„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Комити: Нема да сме мирни додека и третиот џелат не биде фатен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Коментари
sazdo-696x424

По објавувањето на пресудата за убијците на Никола Саздовски - Саздо, на Фејсбук се огласи навивачката група Комити.

— реклама —

„Брату наш, ти кој си на небеса нека твојата душа почива во мир, Правдата изгледа како да доаѓа, но нема да сме мирни се додека не ја истераме до крај!

Се додека и третиот џелат не биде фатен, казнет и заедно со другите двајца не го минат секој ден во наредните 19 години во страдање и покајание, барајќи прошка за тоа што си дозволија да одземат нешто што само Бог одлучува кога ќе одземе.

— реклама —

Но и потоа ќе бидеме тука за будно да следиме од првиот до последниот момент сите 6935 денови, 166400 часови, десетина милиони минути и шестотини милиони секунди.

Во време сме кога се кажува она што многумина сакаат да чујат, кога ветувањата се секојдневие, кога се можни секакви нешта, па токму затоа ќе почекаме да поминат најавените жалби и пресудата стане правосилна.

Не постои никаква утеха, не постојат завршни зборови кои може да ги заменат моментите минати со тебе, дружбите на трибина и надвор од неа, прегратките со твоите најблиски, не постои оправдување поради кое иднината е заменета со црна судбина која човек со такво срце и душа не ја заслужува...Тага која ниту еден родител не треба да ја доживее.

Но доколку ова е најава дека во оваа наша земја Македонска ваквите подмолни нешта ќе бидат соодветно санкционирани, со цел никогаш да не се повторат, барем за момент ќе си дозволиме да земеме длабоко здив, потоа да го испуштиме, испуштајки го низ него ќе излезе мало, ситно задоволство, низ очите повторно ќе протечат солзи а низ солзите ќе излезе мало олеснување...

Почивај во Мир јунаку !!!

Тука сме, тука си и ти, засекогаш дел од нас !!!“, стои во објавата на навивачката група Комити.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања