Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Комити повикуваат на панихида за Саздо и велат, случајот Саздо повторно го политизирате, повторно отварате тешки рани и ја надразнувате болката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sazdo

Велат дека постојат само два типа на луѓе, добри и лоши. Човекот секогаш знае што е добро, а што лошо. Сите религии не учат да не нанесуваме зло на другите. Не учат дека и доколку свесно или несвесно погрешиме, барем да се покаеме, за да можеме чисти пред Бога да побараме прошка. Но кога ќе се стори смртен грев, и кога ќе згасне млад живот, кога нема враќање назад, како случајот со Саздо, тогаш најмалку што треба да направите е пред се најпонизно да застанете пред неговите родители и најблиски, да ги погледнете во очи, безусловно да се покаете и да побарате прошка, затоа што ним најмногу им ги зацрнивте животите. Ним им ја украдовте среќата, нив ги завивте засекогаш во црно, ним им ја одземавте и разделбата и последните зборови, поглед, насмевка, солзи, со нивното најмило чедо, се вели во објавата на ФБ од Комити Скопје.

— реклама —

Во продолжение на објавата се додава:

Наместо се ова, на згрозување на сите нормални луѓе, случајот Саздо повторно го политизирате. Повторно отварате тешки рани и ја надразнувате болката.

— реклама —

Никакви постапки ниту пак било каква пресуди нема да го вратат Саздо, но немањето ПРАВДА која ќе биде само мала сатисфакција дека душата ќе биде слободна, ќе создаде нови случаи како овој трагичен за Саздо, семејството и сите нас кои го познававме и сакавме. Доколку не се каже цврсто и одлучно СТОП, ќе испратиме порака дека ваквите ѕверски дела оваа држава ги толерира па дури и стимулира.

Да застанеме заедно за Саздо ! За никогаш да не се повтори !

Ве повикуваме во Четврток, (08.04) од 16:45ч. во Црквата Успение на Пресвета Богородица (с.Ракотинци) на ПАНИХИДА ЗА САЗДО ! Во 17:00ч. во поворка одиме на вечното почивалиште кое се наоѓа на 200 метри од црквата.

НИЕ СМЕ ТУКА И СЛЕДИМЕ СЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА !

МОБИЛИЗАЦИЈА !

Почитуваме мерки:

✔ Носиме маски

✔ Одржуваме растојание

✔ Дисциплина

извор: ФБ Комити Скопје

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања