Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Комити: Шилегов ќе биде единствен градоначалник во историјата кој му свртел грб на Вардар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vardar-2

Во сите нормални држави, градските татковци се обидуваат да допрат до оние за чии интереси служат - граѓаните. Има многу проекти кои многумина не сметаат дека се приоритетни, па се случуваат, но не треба сопственото лично мислење, симпатија или можеби анимозитет, да преовладаат над она што е општо добро за граѓаните и народот.

— реклама —

Само граѓаните може и треба да одлучат како средствата кои ги издвојуваат за буџетот на градот ќе бидат распределени, се вело во објавата на ФБ на Комити Скопје.

Во продолжение на истата се додава:

— реклама —

Токму тоа сакавме и да го потенцираме со се ова што правиме, дека Скопје го сака Вардар, дека Вардар е артеријата на градот.

Во салата за состаноци при градот Скопје, има слики од сите градоначалници кои Скопје ги памети, и сите тие, од прв до последен без исклучок биле и беа поврзани со Фудбалскиот Клуб Вардар, и тоа гордо ќе ви го кажат. На тој ѕид не стои само сликата од актуелниот градоначалник, сеуште, па дали нему ќе му биде комотно да знае дека тој може да биде единствен во историјата кој му свртел грб на Вардар. Да си Скопјанец, до тебе да зависат многу нешта меѓу кои и симболот на градот и Македонскиот непокор - Вардар, и да не се преземеш чекор за Вардар, би било неславна страна за историјата на Скопје, кое е поврзана со онаа на Вардар...

Затоа може да организираме Градски Референдум, на кој и вие заедно со Скопјани ќе го браните и промовирате Вардар, па потоа ќе ги прашате вашите и наши мили сограѓани ДАЛИ ГО САКАТЕ ВАРДАР?

Градот Скопје е должен да го промовира Вардар како најголем Бренд кој го има градот, и кој единствен може да го сплоти народот.

И дај тргнете политика на страна малку, покажете искрени чекори дека сакате да се реши ситуацијата со клубот, доста не замајувате и двете страни. Ставете го ВАРДАР на прво место, во барем мал дел од вашето драгоцено време.

Го сакаме ВАРДАР !

Вардар ќе живее !

извор: ФБ Комити Скопје

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања