Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Комората на овластени архитекти и инженери се вклучи во креирањето на Меѓународниот конкурс за Расадник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
5

Меѓународниот конкурс за конечниот лик за Расадник и понатаму е во фокус на стручната јавност. Грaдоначалникот Орце Ѓорѓиевски, оствари работна средба со претставници на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија, предводени од Претседателката м-р Кристинка Радевски, д-р Жаклина Ангеловска, раководител на одделението на архитекти урбанисти, како и генералниот секретар на Комората, м-р Димче Атанасовски.

— реклама —

На средбата се разгледа моменталната состојба во Расадник од урбанистичко-плански аспект и заеднички се продискутираа генералните програмски насоки кои треба да им бидат смерница на учесниците на Меѓународниот конкурс за изработка на идејното решение за Расадник. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека консултациите со стручната јавност се од големо значење и продолжуваат поради потребата за максимална транспарентност, со цел создавање на хуман кварт за живеење во главниот град, по мерка на сите засегнати субјекти.

Претставниците на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, како истакнати авторитети во оваа област, ја поздравија идејата за распишување на Меѓународен Конкурс за идејно урбанистичко - архитектонско решение за градската четврт Ј14, попознат кај нашите граѓани како ДУП Расадник. Потенцираа дека на располагање го ставаат својот целокупен стручен потенцијал, со цел овој конкурс да е стручно издржан и да овозможи што поуспешни и покреативни предлози за креирање на ДУП-от за Расадник.

— реклама —

Претходно, градоначалникот Ѓорѓиевски дефинираше соработка на оваа тема и со деканот на Архитектонскиот факултет, а нацрт предлогот за Меѓународниот Конкурс за идејно урбанистичко - архитектонско решение за Расадник е достапен на општинската веб страница и за сите заинтересирани граѓани. Забелешките, сугестиите и идеите, со цел истиот да биде што поквалитетно изработен и стручно издржан, можат да се достават на емаил адресата competition.rasadnik@kiselavoda.gov.mk.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања