„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Компанијата „Дермалог“ е избрана за набавка на терминали за отпечатоци од прсти, трае постапката за жалби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dik

Државната изборна комисија (ДИК) ја избра германската компанија Дермалог на тендерот за набавка на техничката опрема за спроведување на локалните избори со отпечаток од прст. Претседателот на Комисијата, Александар Даштевски денеска на прес-конференција соопшти дека таа компанија имала најдобра понуда, ги исполнила условите и дека имала најдобри апарати.

— реклама —

– Вчера беше избрана компанија која ќе ја обезбеди техничката опрема за спроведување на изборите со отпечаток на прст. На 1 јули заврши постапката по јавната набавка за биометриска индентификација на гласачите со отпечатоци од прст и се пријавија четири компании. Евалуацијата на компаниите заврши вчера и по завршување на постапката Комисијата за јавни набавки ми предложи една компанија за која донесов одлука да биде избрана, информираше Даштевски.

Одлуката, како што кажа, е ставена на веб-страната на Бирото за јавни набавки.

— реклама —

Рокот за достава на техничката опрема, како што информираше Даштевски е 60 дена.

-Испораката ќе биде на два пати. Првиот пат ќе биде околу пет отсто, некаде околу 200 апарати и ќе биде извршена обуката. И после тоа о статокот само да се наполни, за што ќе треба неколку дена, рече Даштевски.

Локалните избори во земјата е предвидено да се одржат во втората половина на октомври.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања